4.8 C
Skopje
вторник, ноември 29, 2022

Во Струмица отворен Хаб за едукација и професионален развој

Kabtel desktop

На 4ти ноември 2022 година во Струмица беше отворен и промовиран “Up Hub” – Хаб за едукација и професионален развој.

На промоцијата на “Up Hub” беа претставени четирите генерални програми кои што имаат за цел вмрежување, соработка, професионален развој и менторство, како и конкретните активности преку кои истите ќе бидат реализирани.

“Up Hub” е сместен во градскиот трговски центар „Глобал“ и активностите кои се спроведуваат во рамките на хабот се финансирани преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија

Програми на Up Hub

Четирите генерални програми на Up Hub се Meet Up” програмата за вмрежување на сите чинители, Team Up” програмата за соработка со бизнис секторот и фриленсери од Југоисточниот регион, Skill Up” програмата за личен професионален развој и “Level Up” програмата за менторство и индивидуални консултации.

Следни активности на Up Hub

Од “Up Hub” најавуваат дека првите конкретни активности за вмрежување и професионален развој ќе бидат спроведени во текот на месец ноември 2022 година.

Следните “Meet Up” настани во “Up Hub” ќе се случат за време на глобалната недела на претприемништвото (од 14ти до 17ти ноември) кога повеќе искусни говорници од државата и странство ќе одржат предавања на теми од интерес на заедницата.

Во рамки на “Теам Up” програмата која ќе започне во декември оваа година, “Up Hub” ќе понуди бесплатен работен простор за фриленсери на определено време, како и ќе ицицира соработка со повеќе компании од регионот.

“Skill Up” програмата започнува во јануари 2023 година, со првиот бесплатен тренинг модул за „Дигитален маркетинг“ наменет за сите млади лица кои имаат желба и потреба од професионална едукација и усовршување во оваа област, додека конкретните активности во “Level Up” програмата ќе започнат во текот на 2023 година.

Запознај се со Up Hub

Покрај активностите во рамките на четирите генерални програми, “Up Hub” ќе организира и различни видови настани – инфо сесии и отворени денови, на кои заинтересираните чинителни директно ќе добијат информации за можностите за вмрежување, соработка, професионален развој и менторство.  

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!