8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

ВИДЕО: Volkswagen направи канцелариски стол кој може да се вози со брзина од 20 км/ч

Kabtel desktop

Volkswagen направи канцелариски стол кој има електричен погон и може да се движи со брзина до 20 км/ч. Овој стол ќе до направи работниот ден забавен, а е опремена со електричен погон, ЛЕД светла, сирена, систем за забава, па дури и кука за приколка. Иако изгледа како некој футуристички стол, столот е дизајниран за покаже некои од одличните карактеристики на комерцијалните возила на Volkswagen.

Досегот на столот со едно полнење на батеријата е 12 км, што значи дека корисмикот може да се вози од состанок на состанок без каква било грижа. Максималната брзина изнесува 20 км/ч, така што нема проблем со доцнење.

Дел од столот е системот за забава, кој дава информации за столот, а тука е и камерата поврзана со сензори, која е задолжена за безбедно движење наназад. Во Volkswagenu се грижат за безбедноста, така што е вграден безбедносен појас.

На задната страна има простор за багаж, кој е доволен за лаптоп и битни документи. Столот е опремен и со кука за приколка ако има потреба за повеќе багаж или евентуално да се понуди превоз за колега.

Столот е дизајниран за вработените во канцеларија да почувствуваат како е да се седи во комби или автомобил на Volkswagen. Тој е опремен со пет тркала, но го движат само два. Системот за забава овозможува снимање музика и други соржини, а тука е и USB полнач.

Овој стол на Volkswagen нема да се продава, туку ќе биде достапен за демонстрација во Норвешка.

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!