ВИДЕО: Super Sub подморницата е подводен електричен автомобил

- Advertisement -

Данската компанија U-Boat Works веќе подолго време се занимава со развој на мали патнички подморници на електричен погон, кои ги нарекуваат подводни електрични автомобили. Нивниот најнов модел за тројца патници се вика Super Sub и користи литиум-јобски батерии и погонски систем од 62 киловати, кој може да издржи до 8 часа под воде помеѓу полнењата. Под вода може да се движи со брзина од 10 јазли, односно 18,5 км/ч на длабочини до 300 метри.

Има големи прозорци за набљудување надвор во форма на јајце и ротирачки седишта за сите во подморницата да имаат прекрасен поглед, а командите за управување се прилично едноставни и автоматизирани како кај автономните автомобили, со таа разлика што возач управува со основното возење и го избира правецот на движење со палката наречена Sharc Controller. Роботскиот систем врши корекции и овзможува лесно возење под вода.

- Advertisement -

Super Sub содржи и безбедносен систем кој оневозможува потонување на длабочина од 300 метри, а за заштеда на енергија и зголемување на ефикасноста на погонскиот систем данските инженери на страните на подморницата поставиле хидрокрила, кои овозможуваат управување со протокот на потисокот и изведување нагло свртување.

U-Boat Worx уште не ја објави цената на подморницата или деталите за тоа како и кога ќе може да се купи.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(U-Boat Worx)

Сподели!
- Advertisement -