Ова се земјите со највисокa интелигенција во светот

- Advertisement -

World Population Reviewја објави ранг листата со земји со најпаметно население во светот за 2022 година, односно со највисок IQ. Тешко е да се утврди кои земји се најпаметни во светот затоа што постојат многу различни фактори кои може да се земат предвид.

Сепак, според оваа ранг листа најпаметните луѓе во светот живеат во Јапонија, која е на врвот на листата со IQ од 106,48. После нив се Тајванците со коефициент на интелигенција од 106,47 и Сингапурците со 105,89.

- Advertisement -

Меѓу првите десет според коефициентот на интелигенција се Хонгконг, Кина, ЈужнаКореја, Белорусија, Финска, Лихтенштајн и Германија. Што се однесува на соседните земји, најдобро рангирана е Словенија – 23.место и коефициент на интелигенција од 98,6. Хрватска е на 37. место со IQ од 95,75, Србија е на 59. место со коефициент од 89,6, БИХ е на 66. место со просечна интелигенција од 88,54, а Црна Гора е на 872 место со интелигенција од 85,78. И Бугарите и Грците се попаметни од нас со IQ од 90,99, односно 90,77.

Северна Македонија има просечен коефициент на интелигенција од 81,91.

- Advertisement -

Ова е листата со топ 10 најпаметни земји во светот:

1.Јапонија-106.48
2.Тајван-106.47
3.Сингапур-105.89
4.Хонг Конг-105.37
5.Кина-104.1
6.Јужна Кореја-102.35
7.Белорусија-101.6
8.Финска-101.2
9.Лихтенштајн-101.07
10.Германија- 100.74

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: World Population Review)

Сподели!
- Advertisement -