Ракетата на Спејс Икс ги лансираше сателитите Албанија 1 и Албанија 2

- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека сателитите Албанија 1 и Албанија 2 биле лансирани во вселената вчера од базата Кејп Канаверал на Флорида.

Тој на својот Фејсбук профил сподели видео од моментот на лансирање.

- Advertisement -

„И тоа бидна, речено, сторено. Од базата Кејп Канаверал во Флорида, САД, штотуку е лансирана ракетата Фалкон 9, преку заедничката мисија со Спејс Икс, Транспортер 6 што ги носи нашите два сателити во вселената, Албанија 1 и Албанија 2“, рече Рама.

Тој додаде дека Албанија сега има повеќе можности да ја контролира и заштити територијата.

- Advertisement -

Рама овој потег, како што пренесе ТВ Клан Албанија, го најави во октомври 2021 година кога од собраниската говорница рече дека ќе лансира сателити во орбитата за да се контролира територијата на земјата.

Извор – Мета

Сподели!
- Advertisement -