Samsung во Лас Вегас ќе го претстави најфутуристичкиот паметен телефон досега

- Advertisement -

На годинашниот саем CES 2023 Samsung испраќа нова порака со претставувањето на своите нови концепти, а еден од нив е и Flex Hybrid, концепт за паметен телефон кој истовремено се лизга и се преклопува.

Flex Hybrid има варијабилна големина на екранот, која со отворање на преклопниот дел се зголемува на 10,5 инчи, но од Samsung одлучиле да додадат и нешто екстра, па ја додале и можноста екранот со дополнителен механизам на лизгање да се прошири на дури 12,4 инчи. Освен промената на големината на екранот, прототипот на Samsung исто така и и варијабилен размер на сликата – 4:3 и 16:10.

- Advertisement -

Иако Flex Hybrid е само концепт, истовремено е и јасен показател на визијата на Samsung за еволуцијата на мобилни телефони и таблети на склопување. Flex Hybrid, всушност, е само еден од неколку концептуални модели на екрани кои Samsung планира да ги претставу на CES.

Тука е и 17-инчниот екран на лизгање, кој првично беше претставен во септември 2022 година и концептот на дигитален кокпит за автономнив возила.Иако таквите концепти не секогаш се претвораат во производи, Flex Hybrid некако оизгледа најмногу во склад со моменталната производна стратегија на Samsung.

- Advertisement -

(CNET)

(фото: Samsung)

Сподели!
- Advertisement -