1.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Швајцарски научници открија посебна форма на лек која лекува мозочен удар

Kabtel desktop

Мозокот има природна моќ за регенерација, но за да го видиме тоа на дело после мозочен удар потребно е да се отстранат процеси кои го кочат тоа, велат швајцарски научници во нова студија. Тоа го постигнаа со користење на лек во посебен облик.

Најновата научна студија направена на стаорци покажа дека лековите за ублажување на последиците на мозочен удар можат во мозокот ефикасно да се вбризгуваат преку носот.

Внесувањето големи молекули на лекови во мозокот долго време се сметаше за еден од најголемите медицински предизвици. Најголем дел од таквите молекули не можат да стигнат до мозокот во големи количини затоа што тенките крвни садови во мозокот се многу непропусни, односно создаваат нешто што во медицината е познато како крвно-мозочна бариера.

Претходните научни студии покажаа дека некои лекови може да дојдат до мозокот преку носото, патувајќи по нервните клетки кои детектираат мирис затоа што тие имаат долги влакна кои се протегаат од носната шуплина до мозокот. Но, нејасно е дали може доволно од тие молекули да дојдат до мозокот за да има медицинска корист за пациентите.

За да го дознаат тоа Мартин Шваб о Швајцарскиот сојузен институт за технологија во Цирих и неговите колеги ја тестирале назалната испорака на антитела кои го блокираат соединението во мозокот наречено Nogo-A, кое инаку го кочи растот на мозочните клетки. Нивната студија е објавена во списанието РNAS.

Швајцарските научници најпрвин имитирале ефекти на мозочен удар кај стаорци со стопирање на дотокот на крв во делови од нивните мозоци. Тоа значело дека животните стануваат невнимателни во координацијата и движењето и тешко доаѓале до храна затоа што морале да поминат низ дупка за да го направат тоа. Кај стаорците кои го примале спрејот за нос со антитела една дневно во текот на две недели било забележано подобрување на ситуацијата за 60% во однос на нивните претходни способности, и тоа четири недели после вештачко предизвиканата повреда. Кај животните кои примале плацебо подобрувањето било околу 30%.

Кога тимот на Шваб иги прегледал мозоците на стаорците откриле дека кај стаорците кои биле лекувани изрснале повеќе нови нервни влакна. Тие достигнале ниво на антитела кое е ефикасно во поправањето на мозочните лузни од мозочен удар.

Лекувањето на овој начин покажува дека постои природна регенеративна моќ во мзоокот и мора да се отстрани кочницата која не го дозволува тоа, вели Шваб.

(New Scientist)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!