8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

ВИДЕО: Дубаи ќе ја добие првата 3Д печатена џамија во светот

Kabtel desktop

Првата џамија во светот направена со помош на 3Д принтер ќе биде изградена во Дубаи. Џамијата ќе ја изгради Министерството за исламски прашања и добротворни активности на Дубаи, а нејзината површина ќе изнесува 2.000 квадратни метри. Се очекува да биде комплетирана во 2025 година, кога ќе може да прими до 600 верници. Џамијата ќе се наоѓа во Дур Дубаи, една од најстарите населби во Обединетите Арапски Емирати.

Ќе бидат потребни околу четири месеци за 3Д печатење на структурата на објектот и дополнителни 12 месеци за опремување. Работниците ќе користат 3Д роботски принтер, кој ќе печати по 2 квадратни метри на час.

За изградба ќе се користи комбинација од сурови материјали и внимателно подготвен бетон.

„Со користење на 3Д печатење ќе го намалиме градежниот шут, а тоа е еколошко решение. Џамијата претставува визија на нашето мудро водство. Цената е 30% повисока во однос на традиционалниот начин на изградба затоа што станува збор за првата таква џамија во светот. Очекуваме дека трошоците и во иднина ќе бидат слични, а гаранцијата е 30 години“ велат од Министерството.

Користењето 3Д технологијане во склад со амбицијата на Дубаи да стане светски центар за технологија до 2030 година. Dubai 3D Printing Strategy е иницијатива која во 2016 година ја стартуваше шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, владетелот на Дубаи, со цел градот да стане светсаки центар за таква технологија.

Целта е 25% од идните градби во Дубаи да бидат 3Д печатени. Тоа инспирираше бројни производители на технологија да ги испратат своите производи во Дубаи за тестирање.

(Klix.ba)

(фото: Instagram)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!