8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Уште една голема технолошка компанија ќе дели откази

Kabtel desktop

Промената е единствената константа, се вели на почетокот на поракта која основачот и извршен директор на Spotify, Даниел Ек, ја упати до вработените во компанијата. А таа промена во компанијата овој пат не е добра.

Последните неколку месеци отказите станаа константа во технолошката индустрија и без работа останаа десетици илјади луѓе во големите компании како Metа, Amazon, Alphabet, Microsoft, како и во бројни помали компании и стартапи. На нив сега им се приклучува и Spotify.

Гигантот за стримување има околу 10.000 вработени, од кои најголем дел во САД и во Шведска, а како што најави Ек, откази ќе добијат околу 6% од вработените, што значи околи 600 вработени. Најави и дека неколку часа отккао ја испратил пораката до вработените почнале разговори со тие што ќе останат без работа. Тие ќе добијат отпремнина во износ од 5 месечни плати и ќе го задржат здравственото осигурување, а ќе биде осигурана и поддршка за сите имигранти на кои се однесува оваа одлука.

Ек ја презеде одговорноста за потезите кои довеле до оваа ситуација. Тој напиша дека кко и многумиа лидери, се надева дека компанијата ќе го задржи растот кој го имала во текот на пандемијата и дека широкиот глобален бизнис, како и нискиот ризик од забавување на огласувањето ќе ги заштити.

„Гледајќи наназад, бев преамбициозен во инвестициите без да мислам на растот на нашите приходи. И затоа денес ја намалуваме нашата база на вработени за околу 6%“ напиша Ек.

(BBC)

(фото: Wikimedia)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!