8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Панорамски поглед на вселената открива над 3 милијарди ѕвезди

Kabtel desktop

Dark Energy Camera (DECam), инструментот поставен на телескопот Victor M. Bianco во Интерамериканската опсерваторија во Церо Тополо направи импресивна галактичка панорама, која ја објави Харвард.

Панорамата прикажува над 3 милијарди ѕвезди кои начичкани светат меѓу тенките ленти прашина во нашата матична галаксија Млечен пат. Податоците кои се искористени за креирање на оваа панорама потекнуваат од второто издание на истражувањето наречено Dark Energy Camera Plane Survey (DECaPS2).

Една од главните причини за успех на истражувањето DECePS2 е што едноставно се фокусирвме на регион со многу голема густина на ѕвезди и што бевме внимателни со индетификацијата на извори кои изгледаат дека се речиси еден врз друг. Тоа ни овозможи да го направиме најголемиот каталог досега со помош на една камера, а во однос на бројот на набљудувани објекти“ вели Ендрју Сајџари од Харвард.

Првите податоци за DECaPS се објавени во 2017 година, а неговото второ издание покрива 6,5% од ноќното небо и се протега на неверојатни 130 степени во должина.

Кога се комбинираат фотографии од системот Pan-STARRS 1, DECaPS2 комплетира панорамски поглед од 360 степени на диск на Млечниот пат, а допира и до многу послаби ѕвезди. Со ова истражување можеме да ја мапираме тридимензионалната структура на ѕвезди на Млечниот пат и прашина со невидени детали“ вели Едвард Шлафли, еден од авторите на трудот.

Истражувањето DECaPS2 идентификуваше 3,2 милијарди објекти од над 21.400 поединечни експозиции, кои произведуваат над 10 терабајти податоци. Тоа на астрономите им овозможи да продрат во галактичката рамнина за подобро да го разберат Млечниот пат.

(Klix.ba)

(фото: Pikrepo)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!