НАСА ги избра леталата на Безос за летање до Марс

- Advertisement -

Откако Џеф Безос се налути кога НАСА им даде предност на SpaceX и на Илон Маск во мисиите на Месечината, изгледа дека малку ќе го израдува одлуката на американската вселенска агенција за претстојните мисии на Марс да го избере неговото летало New Glenn, кое уште е во развој. Ова е првиот интерпланетарен договор на НАСА склучен со некоја приватна вселенска компанија.

Мисијата се вика Escape and Plasma Acceleration and Dynamics Explorers или ESCAPADE, а е осмислена за проучување на магнетосферата на планетата со помош на вселенски летала. НАСА сака да ја лансира мисијата до крајот на 2024 година, што значи дека нема да чекаме долго за да го видиме леталото New Glenn во акција, под услов компанијата на Џеф Безос да не го одложува лансирањето во вселената.

- Advertisement -

New Glenn е летало создадено како конкурент на компанијата Blue Origin за ракетата Falcon Heavy на SpaceX. Blue Origin првично го планираше своето прво лансирање за 2020 година, но тоа постојано се одложуваше. Беше поместено за 2021, а потоа за 2022 година. Засега уште не е познато дали конечно ќе полета оваа година.

Мисијата ESCAPADE ќе биде лансирана од вселенскиот лансирен комплекс 36 на Кејп Канаверал во Флорида. Ќе бидат потребни околу 11 месеци за мисијата да стигне до Црвената планета, а потоа ќе требаат уште неколку месеци за леталото-близнак да стигне до орбита идеална за собирање информации за магнетосферата на Марс. Податоците кои ќе ги соберат ќе им помогнат на научниците подобро да го разберат вселенското време, така што ќе може да се постават подобри заштитни мерки за заштита на астронаутите и сателитите.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Blue Origin)

Сподели!
- Advertisement -