12.8 C
Skopje
недела, мај 28, 2023

Ова е најскапата невролошка болест во ЕУ

Kabtel desktop

Мигрената претставува голем социоекономски товар за општеството. Се смета дека една третина од трошоците за лекување на миграната отпаѓа на лекови и прегледи од страна на доктор, а дури две третини се индиректни трошоци кои вклучуваат изгубени работни денови или намалена ефикасност на работа.

Се проценува дека тоа е најскапата невролошка болест во ЕУ, на која годишно се трошат над 27 милијарди евра. Мигрената е главоболка која без лекови трае од 4 до 72 часа, со умерен до голем интензитат, но предизвикува и други проблеми како гадење, повраќање, на болните често им сметаат светлината, бучавата и некои мириси, па затоа се онеспособени да ги вршат секојдневните активности.

Се проценува дека оваа болест почесто се појавува кај женската, отколку кај машката популација и голем дел од болните не се официјално дијагностицирани поради тоа што нивните напади на главоболка се многу ретки и затоа не посетиле доктор.

Со оглед на тоа дека мигрената вообичаено започнува во периодот на пубертетот, а кај женската популација главно се појавува до менопаузата, оваа болест значително ја загрозува работно активната популација.

(Dnevnik.hr)

(фото: The Texas Observer)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!