Во Норвешка заплови првиот траект на водород во светот

- Advertisement -

Норвешката поморска администрација издаде дозвола за траектот MF Hydra, кој после долг развој и тестирање конечно може да заплови. Траектот отсега ќе превезува патници од Хјелмеланд до Несвик без никаква емисија на гасови.

Траектот е долг 82,4 метри и може да прими до 300 патници и 80 возила, а годишно ја намалува емисијата на јаглерод идоксид за 95%. Испорачан е во 2021 година и може да достигне брзина од 9 јазли благодарение на две ќелии на водород од 200 kW, два генератори од 440 kW и два Shottel потисници. Опремен е со резервоар за складирање водород со капацитет од 80 m3.

- Advertisement -

Norled го тестира системот од почетокот на годината, а во изминатите неколку месеци ги доби сите дозволи. Ќе плови по триаголна рута меѓу Хјемеланд, скипавик и Несвик.

Компанијата соработуваше со странски партнери на развојот на траектот. Системот за водород го испорача германската компанија Linde Engineering, а Dane Ballard ги направи ќелиите кои користат водород за производство на енергија. Батериите ги обезбеди компанијата Corvus Energy.

- Advertisement -

Моментално само Norled и вселенската индустрија користат течен водород како гориво и затоа траектот MF Hydra претставува значителен технолошки напредок во поморскиот сектор. Исто така, претставува голема пресвртница за компанијата Norled и за Норвешка како земја затоа што е доказ дека технологијата функционира, како и дека соработката меѓу владата и бизнис субјектите на полето напредна технологија може да има големи предности.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Norled)

Сподели!
- Advertisement -