Компанијата BT Group ги откри плановите за големото кратење на работните места додека продолжува со напорите да ги намали проблемите во работата, но и да го намали и целиот бизнис.
Компанијата со седиште во Велика Британија планира да ја намали својата работна сила за до 55.000 луѓе до крајот на март 2030 година. Во својот извештај за финансиските резултати за четвртиот фискален квартал во 2023 година компанијата детално го опишува планот за намалување на вработените од 130.000 на 75.000 до 90.000.
Тие планираат да го довршат кратењето на работната сила во периодот од крајот на финансиската година 2028 до крајот на фискалниот период во 2030 година. До крајот на 2020-тите години BT Group ќе се потпира на значително помала работна сила и ќе ја намали базата на трошоци, вели изврпниот директор на компанијата, Филип Јансен.
Јансен назначи дека промените на работната сила делумно ќе се постигнат со природен одлив, со зголемување на употребата на автоматизацја и со помалата потреба за изведувачи кои напредуваат како што се приближува крајот на фибер градбата.ođačima koji napreduju kako se njegova fibergradnja približava završetku.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Wikimedia)