Исчезнуваат прстените на планетата Сатурн

- Advertisement -

Сатурн можеби нема да ги има своите ледени прстени уште долго време, а тоа е заклучок на астрономитр кои го набљудувале со своите телескопи. Новата анализа на податоците собрани со мисијата Cassini на американската вселенска агенција НАСА, која орбитираше околу гасовитиот џин од 2004 до 2017 година овозможи нов увид во тоа колку долго се присутни прстените околу САтурн и кога би ги снемало.

Нашиот Сончев систем и неговите планети настанале пред околу 4,6 милијарди години, а научниците долго време водат дебата за староста и потеклото на прстените на Сатурн. Некои астрономи сметаат дека светлите ледени прстени мора да се помлади од очекуваното затоа што не се еродирани и потемнети од интеракцијата со метеороидите во текот на милијарди години.

- Advertisement -

Анализата на податоците на Cassini доведе до ново откритие објавено во списанието Icarus и таа ја поддржува теоријата за прстени кои се појавиле долго после првобитното појавување на Сатурн. Дополнителните истражувања исто така дојдоа до слични заклучоци.

Се верува дека прстените се формирале додека диносаурусите уште оделе по Земјата. Прстените главно се состојат од лед, а само мал процент камена прашина создадена во вселената од разбиени фрагменти на астероиди и микрометеороиди. Парчињата слични на зрна песок се судираат со честички во прстените на Сатурн и создаваат пукнатини, додека материјалот на прстените кружи околу планетата.

- Advertisement -

Со оваа мисија истражувачите можеле да проценат колку космичка прашина, која редовно се движи низ нашиот сончев систем, се собрала на ледените прстени. Во текот на 13 години инструментот Cosmic Dust Analyzer на Cassini собрал 163 зрна прашина која потекнува надвор од системот на Сатурн додека се вртела околу гасовитиот џин. Прстените биле изненадувачки чисти, што сугерира дека не постоеле доволно долго за да акумулираат вишок космичка прашина.

Вселенскиот телескоп Hubble на НАСА секоја година во одредено време го набљудува Сатурн во рамките на програмата Outer Planet Atmosphere Legacy (OPAL), а гасовитата планета е динамична и секогаш покажува нешто ново. Најновите фотографии покажуваат пукнатини со различна форма и големина и додека научниците ја бараат причината за нивното појавување, во нив навлегуваат метеороиди и го туркаат материјалот од прстените навнатре с голема брзина.

- Advertisement -

Леталото Cassini забележало дека прстените губат мноту тони маса во секунда, што значи дека на прстените не им преостанува многи време според астрономските стандарди. Истражувачите проценуваат дека прстените ќе постојат најмногу уште неколку стотици милиони години.

Можно е темните прстени околу Нептун и Уран некогаш да биле светли како што се сега прстените на Сатурн. Научниците уште не се сигурни што ги создало прстените, но можно е гравитациската нестабилност да уништила некоја од ледените месечини кои гравитираат околи џиновските планети, создавајќи доволно материјал кој се вовлекува во прстените кои кружат околу Сатурн.

(Klix.ba)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -