УЈП потсетува за потврда или корекција на годишните даночни пријави до среда

- Advertisement -

Даночните обврзници имаат уште неколку дена за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022. Рокот изминува во среда на 31 мај. Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните кои тоа досега не го сториле, да ја регулираат оваа обврска која е поврзана со доходот што го оствариле во текот на минатата година.

Од УЈП уште еднаш посочуваат дека потврдата или корекцијата на ГДП се врши електронски, преку  системот е-Персонален данок, каде што регистрираните корисници на своите кориснички профили  може да го менуваат статусот на пријавата. По истекот на законскиот рок, ГДП ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус, зависно од тоа дали е направена потврда или исправка.

- Advertisement -

Годишните даночни пријави, пак, за кои од обврзниците ќе нема никаква реакција, службено ќе бидат потврдени на први јуни. Понатаму, за пријавите каде што е направена корекција, а го стекнале статусот на конечна даночна пријава, ќе треба да се добие одобрение од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку коригираната даночна пријава не го помине овој филтер, тогаш ќе се донесе решение за утврдување на данок на личен доход за 2022 година. Во случаите, каде што се појавува обврска за доплата, од УЈП посочуваат дека ќе се генерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава (во прозорчето печати).

Од УЈП апелираат до граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, тоа да да го направат во најкраток можен рок.

Сподели!
- Advertisement -