Астрономи открија дека Земјата има уште една нова месечина

- Advertisement -

Нова студија откри дека постои т.н. квазимесечина која кружи околу Земјата. Таа квазимесечина, наречена 2023 FW13, е откриена со помош на телескопот Pan-STARRS на Хаваи и еден од ретките познати вселенски објекти од тој тип.

Научниците веруваат дека 2023 FW13 е присутна во близина на Земјата од 100 година пред новата ера и дека ќе продолжи да постои уште 1.500 години во иднина. Земјината квазимесечина не претставува никаква опасност по нашата планета.

- Advertisement -

Изгледа дека квазимесечината кружи околу Земјата слично на нашата природна Месечина, со таа разлика што тие се гравитациски врзани за Сонцето, а не за Земјата. За разлика од нашата Месечина, 2023 FW13 кружи далеку надвор од влијанието на земјините гравитациски сили.

Алан Харис, научник од центарот Space Science Institute во Боулдер, Колорадо, објаснува дека Земјата нема значајна улога во движењето на квазимесечината 2023 FW13 и наведува дека не е воопшто поврзана со земјината оска.

- Advertisement -

2023 FW13 по прв пат е забележана на 28 март годинава, а подоцна е потврдена со повеќе телескопи. Иако не е извесно колку е голема, проценките велат дека има дијаметар од 9 до 15 метри. Следи издолжена орбита околу Сонцето, за што и е потребно исто време колку што и треба на Земјата да ротира околу нашата ѕвезда.

Земјата има и други познати космички следбеници, меѓу кои и квазисателити. Тие следбеници обично следат стабилна патека околу Земјата неколку децении пред да ја напуштат. Меѓутоа, 2023 FW13 е единствена која останала во таа квазисостојба со векови и ќе продолжи да го прави со векови во иднина, велат астрономите.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -