19.8 C
Skopje
недела, октомври 1, 2023

ВИДЕО: Apple ја претстави својата прва иновација од 2014 година наваму – очилата Vision Pro

Kabtel desktop

Компанијата Apple вчера на настанот WWDC ги претстави своите новитети, а меѓу нив најголемо внимание привлекоа очилата Apple Vision Pro, кои се вистински спој на реалниот и дигиталниот свет, а воедно се и првата иновација на компанијата од 2014 година наваму.

Долгоочекуваните очила, кои Apple ги одложуваше од година во година за да ги доведат до совршенство, вчера и официјално му ги претставија на целиот свет. Apple Vision Pro слободно можеме да кажеме дека е најјдобар уред од тој вид на пазарот.

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, рече дека ова е првиот производ на Apple низ кој може да се гледа, но и да не се гледа, опишувајќи го на тој начин спојот од дигиталниот и реалниот свет. Vision Pro на корисникот му дава можност да ги користи во реалниот свет како очила, на пример за скијање и низ нив да ја гледа реалноста, а потоа да ужива во дигиталниот свет на апликациите кои ги нудат.

Kога станува збор за апликациите, тоа главно се апликации за гледање филмови, 3Д фотографии, играње PlayStation игри, а спојот на реалноста и дигиталниот свет им дава можност на корисниците Дизниленд да го доживеат во сопствената дневна соба или да станат суперхерој на Марвел.

Apple Vision Pro на корисникот му овозможува да избира големина на екранот за гредање различни содржини – филмови, приватни фоготрафии и видеа или видеоигри.

Apple на овој производ работи од 2016 година, а го претставуваат во време кога AR/VR технологијата е најмногу застапена. Очилата Vision Pro чинат 3.500 долари.

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!