Научници работат на лек кој ќе ги отстранува последиците од нуклеарна радијација

- Advertisement -

Американски научници неодамна направија експерименти кои имаат за цел да го спречат штетното делување на нуклеарното зрачење врз телото во случај на радиоактивен напад.

Денес има многу ограничени можности за превенција и лекување на оштетувањето од зрачењето, па лекот кој би можел ефикасно да ја отстрани радиоактивната контаминација од телото би бил револуција во одрбаната од отровите кои до денес се сметаат за несопирливи.

- Advertisement -

HOPO 14-1 е експериментален лек кој ако се покаже успешен, ќе може да ги заштити и да ги излечи жртвите од нуклеарни катастрофи со врзување и изфрлање на тешките метали од телото.

Се претпоставува дека е ефикасен против ураниум и другите материи кои се користат во нуклеарното оружје, како што се „валканите бомби“ (конвенционални бомби со додаден нуклеарен отпад или радиоактивни материи) или балистичките проектили. Лекот, исто така, би можел да биде ефикасен против труење со олово.

- Advertisement -

Првото клиничко испитување ќе вклучи 42 учесници, кои ќе бидат лекувани со ралични дози за да се утврди безбедноста на лекот. Резултатите ќе бидат објавени во 2024 година. Во моментот HOPO 14-1 нема одобрение од американската Агенција за храна и лекови и не е достапен дури ни за лекување во итни случаи.

Денес на пазарот постои решение кое ги врзува радиоактивните метали, но од компанијата HOPO Therapeutics, која го направи новиот лек, велат дека молекулите на DTPA го исцрпуваат телото врзувајќи ги најбитните јони (како цинкот и магнезиумот), додека нивниот лек нема таков ефект.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -