Една од првата пациентки во светот која прими вакцина против рак успешно закрепна

- Advertisement -

После децении речиси никаков напредок во лекувањето на ракот научниците велат дека конечно се случила пресвртница во истражувањата. Многумина предвидуваат дека следниот напредок во лекувањето ќе биде вакцината која треба да се најде на пазарот за пет години отсега.

Имено, не станува збор за традиционална вакцина која ја спречува болеста, туку за вакцина за намалување на туморите и спречување на повторно враќање на ракот. Овие експериментални третмани се тестираат на рак на дојка и на бели дробови, а годинава се забележани позитивни резултати кај лекувањето смртоносен рак на кожа меланом и рак на штитна жлезда.

- Advertisement -

Вакцините против рак, како и секоја друга имунотерапија, го зајакнуваат инунолошкиот систем да ги најде и да ги убите клетките н ракот. А некои нови користат и mRNA која е развиена за ракот, но најпрвин била користена против КОВИД-19.

За вакцината да функционира потребно е да ти научи Т клетките од имунолошкиот систем да го препознавааѕ ракот како опасен, вели докторката Нора Дисис од Институтот за вакцина против ракот UW Medicine во сиетл. Кога ќе бидат обучени, Т клетките може да патуваат каде било за да ја забележат опасноста.

- Advertisement -

Напредокот во лекувањето со вакцини од самиот почеток беше полн со предизвици. Првиот лек Provengе е одобрен во САД во 2010 година кај лекувањето рак на простата кој се проширил на други органи. Кај таквите фази на блеста неопходна е обработка на сопствените имунолошки клетки на пациентот во лабораторија и потоа враќање во телото. Постојат и вакцини за лекување на ран рак на мочниот меур и напреден меланом.

Сега истражувањето и работата на вакцините е насочена на пациентите во ран стадиум од болеста, со оглед на тоа дека досега се покажа дека вакцините не можат да делуваат кај пациенти кои се во поодмината фаза.

- Advertisement -

Еден од првите пациенти кои примиле вакцина против рак на јајаници во рамките на една студија пред 15-ина години е Џејми Крејс Мерсер. Со дијагноза напреден стадиум на рак на јајници која имала 34 години, Крејс мислела дека ќе умре млада и направила тестамент со кој на својата најдобра пријателка и го оставила омилениот ѓерда. Крејс сега има 50 години о засега нема знаци за повторно враќање на ракот.

Таа не знае со сигурност дали вакцината помогнала, но со гордост вели дека уште е тука.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -