Ова се најдобрите градови за работа на далечина

- Advertisement -

Работењето додека патувате стана секојдневие како последица на популарзацијата на работата на далечина и хибридниот начин на работа. Ако сакате еден работен ден надвор од канцеларија, Барселона е можеби идеална дестинација за тоа.

IWG, компанија која се занимава со пронаоѓање решенија за работа, спореди 26 градови ширум светот и ги оцени на скала од 1 до 10 за следните категории:

- Advertisement -

-клима
-култура
-сместување
-транспорт
-храна и пијалаци
-среќа
-брзина на интернет
-достапност на флексибилен работен простор

„Категориите се избрани за да се земе предвид оптималната работна средина во странство, вклучувајќи ги основните услови за живот. Постојат и фактори кои може да влијаат на продуктивноста, како што се пристапот до интернет и достапноста на флексибилни работни простори“ вели Дарен Роџерс, менаџер во IWG во Сингапур.

- Advertisement -

Барселона, позната по живата културна сцена и речиси цел ден сонце, се најде на врвот меѓу оние кои бараат совршен спој на работа и слободно време, велат од IWG.

IWG, исто така, спроведе анкета меѓу над 1.000 хибридни работници, која откри дека речиси 3 од 5 (57%) го продолжиле одморот работејќи од странство.

- Advertisement -

Истражувањето откри дека брзината на интернетот е клучна за дигиталните номади, што ги надминува трошоците на живот и временските прилики.

„Порастот на хибридната работа сега на работниците им овозможува да работат од каде што можат, да бидат најпродуктивни, дури и ако е тоа во странство. Ова е овозможено со со технологијата на облак, која бара стабилна високовалитетна интернет врска“ вели Роџерс.

Сингапур има најголема брзина на интернет (9), а следуваат Њујорк (8,5) и Хонгконг (8). Сингапур е раниран на 21. место на листата, со одлични резултати во други категории како шро се среќата и транспортот. Сингапур е и најголем финансиски центар во Азија.

Барселона и Торонто, двата најголеми градови, забележаа посебно добри резултати во брзината на интернетот и цените за сместување.

Ова е листата со топ 10 градови за работа на далечина:
1.Барселона
2.Торонто
3.Пекинг
4.Милано
5.Њујорк
6.Рио де Жанеиро
7.Амстердам
8.Париз
9.Џакарта
10.Лисабон

(Bizlife)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -