ТРЧАЈ БЕ, кога една трка е повеќе од трка

- Advertisement -

Трчање надвор од целта, односно како трката во Битола влијаеше на градот, економијата, компаниите и заедницата 

Овој септември, Битола по петти пат беше центар на Балканот, кога станува збор за атлетиката. Трката ТРЧАЈ БЕ со Алпско беше Балканско и државно првенство во полумаратон на кој зедоа учество професионални атлетичари кои дадоа вистински компетициски дух и го подигнаа нивото на една улична трка. 

- Advertisement -

Во женска конкуренција прва истрча една од најголемите балкански атлетичарки, актуелната европската првенка на 3.000 метри стиплчес и финалист на последното Светско првенство, Луиза Гега од Албанија. Патеката од 21 километар ја мина за еден час, 14 минути и 30 секунди. Второто место го освои Маринела Нинева од Бугарија со заостанување од 53 секунди, а трета место ѝ припадна исто така на атлетичарка од Девора Аврамова.

„Уживав во трката, го сакам шармот на малите градови и од таа причина дојдов во Битола. Слушнав за трката од Атлетската федерација на Македонија на средба во Будимпешта и одлучив да настапам. Патектата за трчање беше преубава со целиот градски амбинет на старата архитектура“, рече Гега.

- Advertisement -

Рекордерот на Македонија во повеќе атлетски дициплини, Дарио Ивановски, беше победник на Балкснското првенство во полумаратон на ТРЧАЈ БЕ со Алпско. Ивановски трчајки 21км  за еден час, четири минути и 45 секунди го сруши националниот рекорд во трчање полумаратон во машка конкуренција. Второпласиран беше  Ахмет Алканоглу од Турција со време 1:06:25 и трет Романецот  Стефан Иулис Гавлила  1: 07: 42.

Но, на ТРЧАЈ БЕ со Алпско, покрај оваа атлетска елита, трчаа над 1.700 учесници од 40 земји, благодарение на кампањата на организаторите на трката, ова да го направат најголем тим билдинг настан во регионот, притоа привлекувајќи тимови од компании кои броеја од неколку, до скоро 300 учесници.

- Advertisement -

„На трката имаше учесници од Јапонија до Бразил и од Норвешка до Намибија. Да, трки има навистина многу низ Македонија, но Битола е посебна, таа нуди и одлична забава за нашите учесници кои во градот пристигнаа неколку денови порано. Компаниите за своите вработени од сите страни на светот се потрудија да им направат агенда која ќе значи и трчање низ историјата, зошто Битола навистина има што да понуди од античката историја на Хераклеја, до одлична модерна виталност на еден град во 2023 година. Битола е позната и по ноќниот живот, а трката ТРЧАЈ БЕ со Алпско во цела таа агенда беше круна на нивното доаѓање во Битола. Ние бевме нивна поддршка целосно во планирањето на овој тим билдинг викенд”„ – истакнаа организаторите. 

ТРЧАЈ БЕ со Алпско е најмасовниот спортски настан во Битола и има трансформативно влијание и врз заедницата и корпоративната култура. Овој настан поставува нови одредници за организирање на трки во Македонија, зошто прави одличен баланс на кој и елитни спортисти и  корпоративни тимови, но и секојдневни ентузијасти за трчање и здрав живот се чувствуваат добро, а притоа да привлече разновидна публика која ги бодри учесниците по патеките.

 „Тимот кој стои позади организацијата на оваа трка знае што значи заедница во движење, односно кои се далекусежните ефекти од ваков масовен спортски настан. Петтото издание за нас беше и спринт напред, зошто нашата мисија е и да го менуваме општествениот и економскиот пејзаж на Битола.  Ефектот ТРЧАЈ БЕ, е силна приказна како една трка може да ја трансформира заедницата и да ја засили економијата. Според нас ТРЧАЈ БЕ е една трка, но со многу победници. Од неа ефекти имаат учесниците, зошто трчаат, а трчањето е и спортска и реална метафора за животот. Од трката го јакнеме и  социјалниот момент во кој се вклучува армија на волонтери и поддржувачи на настанот. Компаниите добиваат одличен полигон за промоција. Градот нема слободни хотелски соби и места во ресторани во нашиот викенд. Тоа за нас е катализатор на трансформација, настан кој ги менува нештата на подобро. И тоа не прави особено среќни„ – додаваат од тимот. 

Важноста на трчањето како физичка активност го надминува само согорувањето на  калории, трчањето е и славење на човечката издржливост и волја. Ова важи за сите оние кои ја имале шансата за прв пат да ги истрчаат своите километри и да ја почувствуваат моќта на минувањето на целта во момент кога те бодри безбројна непозната публика. ТРЧАЈ БЕ со Алпско е и пример, како може да биде и благородна мисија, која значи поддршка трчање за одредена цел. Така, тимот на Native Teams-еден извонреден битолско-лондонски стартап, учеството на трката со свој тим кој броеше близу 90 учесници од 15 земји, го посвети на своја колешка која во битката за здравје победи и под хаштаг #empowerabillity ја истрчаа заедно трката покажувајќи поддршка и важност за своите луѓе. 

„Во сè повеќе дигитализиран корпоративен пејзаж, можностите за вистинска човечка интеракција се намалуваат. ТРЧАЈ БЕ се појави како трка која ги охрабрува корпоративните тимови да учествуваат. Компаниите, и локални и меѓународни, ги регистрираа своите вработени, а резултатите беа трансформативни. Трката ги надминува хиерархиските бариери. Вежбите за градење тим во конференциска сала сега изгледаат застарени во споредба со можноста да се биде тим и да се гради дух на една трка„ – изјави еден HR од компанија со многу учесници на трката.

Ниту еден настан од оваа големина не може да се манифестира без робустен систем за поддршка, а генерален спонзор Алпско, заедно со група на спонзори, беа клучни во реализацијата на оваа голема визија.

Зад беспрекорното изведување на трите трки, се крие армија од волонтери и стручен тим чија посветеност и ентузијазам се клуч на успехот на настанот.

“ТРЧАЈ БЕ со Алпско прави повеќе од само рефлектор на Битола на атлетската мапа. Ние ја поттикнуваме локалната заедница да прифати поздрав начин на живот. ТРЧАЈ БЕ е одраз на успех и увид во повеќеслојните придобивки од одржувањето на настани од големи размери во градот” – истакнуваат од тимот на ТРЧАЈ БЕ.

Како што се таложи прашината од овој значаен настан, добро е да се знае неговото значење. За корпоративните учесници, трката ќе послужи како тест за идните напори за градење тим. За поединците кои го превзедоа предизвикот, се придобивките од прифаќањето на стилот на трчањето како начин за здрав живот. За спонзорите, нивното поврзување со настан кој го промовира здравјето и духот на заедницата и ја повторува нивната посветеност на општествена одговорност.

За градот Битола, овој настан не само што ја покажа својата единствена привлечност, туку ја покажа и својата способност да биде домаќин на настани од светска класа кои ги усогласуваат атлетските натпревари, со промоција на историјата и традициите, но и со градењето на заедница.

До идното шесто издание на оваа веќе култна улична трка, организаторот ќе размислува со зголемени очекувања и соништа за уште помасовна трка. Едно е, сепак, сигурно: ТРЧАЈ БЕ со Алпско во оваа 2023 постави левел кој е за почит.  

„Дотогаш, да продолжиме да трчаме, да продолжиме да се стремиме и што е најважно, да продолжиме да живееме„ – заклучуваат организаторите. 

фотограф | Горан Кузевски 

Сподели!
- Advertisement -