Бесплатно со воз 30 дена низ Европа

- Advertisement -

Ако сте родени во 2005 година, тогаш ова е за вас: ЕУ доделува 38.000 билети за патување со воз низ Европа во периодот од 1 март 2024 година до 31 мај 2025 година. Апликациите се прифаќаат до 18 октомври.

Како што пренесува Дојче Веле, шансата да се патува со воз низ Европа – за многумина е олицетворение на слободата: 36.000 млади Европејци повторно имаат шанса да освојат бесплатен билет за патување со воз низ целиот континент.

- Advertisement -

Европската комисија го објави почетокот на следната рунда на програмата за патување „DiscoverEU“ , во која можат да учествуваат граѓаните на земјите од ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Турција и Србија.

Младите можат да аплицираат за влезници до 18 октомври до 12 часот, соопшти Комисијата во Брисел.

- Advertisement -

Кој сака да освои бесплатен билет, прво мора да го покаже своето знаење во краток квиз. Победниците можат да патуваат низ Европа до 30 дена помеѓу 1 март 2024 и 31 мај 2025 година.

Програмата е наменета за млади на возраст од 18 години. Поточно, може да учествуваат сите родени од 1 јануари до 31 декември 2005 година. Учесниците со попреченост или здравствени проблеми можат да донесат придружба.

- Advertisement -

Иницијативата „DiscoverEU“ започна во 2018 година и беше замисла на активистите Винсент-Имануел Хер и Мартин Шпер. Нивниот предлог на граѓаните на ЕУ да им се поклони возенбилет за нивниот 18-ти роденден и на овој начин да се запознаат со континентот, наиде на голема поддршка и кај политичарите и во општеството.

Извор – Дојче Веле

Сподели!
- Advertisement -