IBM претстави револуционерен чип кој ќе овозможи развој на уште попаметни уреди

- Advertisement -

IBM претстави нов дизајн на микрочип кој би можел да донесе сосема нова револуција во светот на паметните уреди. Имено, микрочипот на IBM е наменет за уреди кои не работат во облак или на интернет за да ги направи попаметни.

Воедно, како што велат од IBM е направен по примерот, новиот чип е направен по примерот на мозокот и го отвора патот за друг вид на вештачка интелигенција.

- Advertisement -

За разлика од традиционалните чипови, кои ја одвојуваат меморијата од склоповите за обработка на податоци, NorthPole чипот ја комбинира меморијата и склоповите за обработка. Како и синапсите во мозокот, содржат и обработуваат информации базирани на нивната врска со други неврони.

Во својот напис објавен во списанието Science, истражувачите на IBM таквиот дизајн на чипот го нарекоа архитектура на неурален интерфејс кој ги отстранува досега познатите граници.

- Advertisement -

Чипот NorthPole би можел да помогне во решавањето на двата најголеми проблеми со коишто се среќаваат денешните чипови наменети за вештачка интелигенција – големата потрошувачка на електрична енергија и просторното ограничување поради поставувањето транзистори на одреден чип.

Како што велат, целта им била да се оптимизира секој џул енергија, секој капитален трошоок за транзистори и секоја прилика за еден такт. NorthPole има 22 милиони транзистори и 256 јадра, а за разлика од другите чипови, неговата уникатна структура им овозможува поефикасна работа иа на интернет или не зависи од работа на интернет или во облак. За споредба, NorthPole моментално им е конкуренција на најнапредните чипови од Азија.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -