Ова се најчесто користените лозинки во светот

- Advertisement -

Додека компаниите како Google и Microsoft се фокусираат на иднина во која нема да има лозинки, а социјалните мрежи и разни други сервиси користат други начини за идентификација како што е биометријата, моментaлно за најголем дел од секојдневните услуги кои ги користиме на интернет задолжително користие лозинки.

Експертите за безбедност предупредуваат дека треба да се биде многу внимателен при изборот на лозинка, односно треба да се потрудиме да направиме што посложена лозинка за хакерите да не можат да ја пробијат лесно, но многумина користат едноставни зборови или броеви кои лесно можат да ги запамтат. Исто така, се препорачува и користење на двостепена авторизација, што е дополнителен слој на сигурност за пристап до онлајн профили и сметки.

- Advertisement -

Компанијата NordPass неделава ја објави листата со најчесто користените лозинки за 2023 година, а тие лозинки воедно се и најпопасни затоа што хакерите лесно можат да ги пробијат. Меѓу топ 10 најчесто користени лозинки, а воедно и најлоши лозинки се веќе добро познатите изрази, односно комбинации од броеви кои секоја година се наоѓаат на ваквите листи.

Прва и речиси секогаш најпопуларна лозинка е „123456“, после што следува лозинката „admin“ и два едноставни бројчани низи: „12345678“ и „123456789“.

- Advertisement -

На петто место е „1234“, потоа „12345“, а на седмо место е зброт „password“. Последните три места на листата со топ 10 исто така се бројчани низи и една комбинација од броеви и букви „123“, „Aa123456“ и „1234567890“.

На страницата на NordPass велат дека на хакерите им требаат помалку од неколку секунди за да ги пробијат ваквите лозинки.

- Advertisement -

Листата со најчесто користени лозинки на оваа компанија содржи дури 200 лозинк и најголем дел од нив се прилично едноставни.

(Nord Pass)

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -