На YouTube сега се достапни и игри

- Advertisement -

Освен уживање во милионите видеа на YouTube, овој популарен видеосервис на Google на корисниците сега им овозможува уште една форма на онлајн забава – видеоигри. Компанијата почна да експериментира со игрите претходно годинава, а сега најавија проширување на поголем број корисници. За почеток достапни се 37 мини игри, кои корисниците можат да ги играат онлајн, но постои еден услов, кој нема да им се допадне на многумина. Имено, игрите се достапни само за корисници на Premium верзијата, односно претплатничката верзија на YouTube, која овозможува приказ на содржини без реклами.

Од YouTube уште минатата недела почнаа да испраќаат известувања дека сега се достапни и игри и дека може да се испробаат, при што прво треба да потврдите дека навистина сакате да ја играте играта. Тие што ќе прифатат, игрите нема да мора да ги симнат на компјутер или на телефон, туку ќе ги играат онлајн, во самиот YouTube, односно во самата апликација под опцијата „Explore”, каде што ќе бидат достапн како „Playables“.

- Advertisement -

Овие игри не се наменети за сериозни гејмери, туку за играчи кои сакаат да потрошат десетина минути на кратки и забавни игри. Од YouTube велат дека барем засега, претплатниците ќе можат да играат игри до 28 март, а потоа може да се смени бројот на игри, односно може да се додадат нови или да се отстранат од постоечките.

- Advertisement -

(The Verge)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -