Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

- Advertisement -

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда ѝ е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат.

Наградата е признание за силните финансиски перформанси што ги испорача Комерцијална банка, а кои се резултат на тоа што во актуелните економски услови Банката ги претвори предизвиците во можности за развој и стабилна поддршка на клиентите. The Banker оваа година низ целиот свет ги препозна банките кои одиграа клучна улога во развојот на нови производи и бизниси за клиентите преку издигнување над предизвиците на индустријата и развој на иницијативи со кои финансиските сервиси ги доближија до многу повеќе луѓе.

- Advertisement -

Комерцијална банка е особено горда што наградата „Банка на годината за 2023“ ја добива по 10. пат, но и затоа што со оваа награда ја заокружува годината во која на клиентите им понуди врвни производи и услуги кои за нив значат модерно банкарство на едноставен и ефикасен начин.

Главниот финансов директор и член на Управниот одбор, д-р Маја Стевкова Штериева, во своето обраќање во магазинот The Banker по повод наградата изрази голема благодарност што стручната комисија го препозна целокупниот придонес на Комерцијална банка за македонската економија.

- Advertisement -

„Горди сме и веруваме дека ова признание е потврда на посветеноста на Комерцијална банка на зголемените и комплексни потреби на клиентите во овие турбулентни времиња. Компаниите и граѓаните се соочуваат со ранлива економија, инфлаторни притисоци и геополитички тензии, а нашата континуирана поддршка им обезбедува средства за поуспешно да се справат со овие предизвици. Комерцијална банка, како најголема во земјава, но и како лидер во иновативните финансиски процеси во 2023, им обезбеди на клиентите бројни поволности, како и дигитални услуги и алатки прилагодени на нивната сегашна и идна финансиска благосостојба. Остануваме посветени на обезбедување извонредни решенија за клиентите, но и на придонесот во општеството, истовремено фокусирајќи се на потребите на нашите акционери и на напредокот на Банката“, истакна д-р Стевкова Штериева.

Наградата „Банка на годината“ е стандард за извонредност во банкарската индустрија, а се доделува на банки во повеќе од 120 земји низ светот врз основа на клучниот критериум – подобрувања и новитети реализирани во тековната година.

- Advertisement -

Комерцијална банка ја завршува 2023 година со многу реализирани цели, пресликани во бројни иновативни и ефикасни производи и услуги, истакната корпоративна филантропија и придонес за подобро општество и во силни финансисики резултати. Но, и со силна агенда за наредната година, која сигурно ќе донесе уште многу нови предизвици, кои веруваме дека ќе ги претвориме во нови можности.

Сподели!
- Advertisement -