A1 Game Fest 2023со рекорден број натпреварувачи и слушатели на “Гејмај одговорно“ сесиите

- Advertisement -

Највозбудливиот и најголемиот е-спорт и гејминг настан, А1 Game Fest, во организација на А1 Македонија во соработка со GG.MK, и оваа шеста година по ред ги надмина очекувањата со рекордни 450 натпреварувачи. На финалето што се одржа минатиот викенд, над 45.000 посетители во Diamond Mall имаа можност да бидат дел од ова вистинско гејмерско доживување, а над 40.000 го проследија преносост во живо.

Преку супериорната оптичка мрежа на А1, учесниците се натпреваруваа на турнири во CoD: Warzone 2.0, League of Legends, Street Fighter 6, EA Sports FC24, и секогаш најкреативниот Cosplay натпревар.

- Advertisement -

За уште понезаборавно искуство верните навивачи и посетители ја имаа можноста да се зпознаат со сите новитети во индустријата на организираното големо експо на Македонски видео игри заедно со Macedonian Games Industry. А за фановите на аналогните игри, натпревари во Board games со Гоблин Друштвени Игри, Warhammer, ретро гејминг корнер беа доделени и многу подароци и изненадувања.

Програмата годинава беше збогатена и со нови содржини креирани од поддржувачите на најголемиот е – спорт настан, Квики Подравка и STR8 кои обезбедија награди за победниците и многу изненадувања за публиката. 

- Advertisement -

Како општествено одговорна компанија која особено внимание посветува на едукација за новите дигитални вештини и нивно безбедно користење, А1 Македонија од оваа година под мотото “Гејмај одговорно”, ја збогати програмата со предавања преку кои сите посетители, родители и деца кои влегуваат во светот на гејмингот, од врвни експерти слушнаа препораки за одговорно гејмање. На тема “Предизвиците на гејминг светот и како да ги заштитиме децата” говореа еминентен психолог и Гешталт терапевт во супервизија, Специјалист за дигитална трансформација како и Експерт за финансии на тема онлајн плаќања. На темата “Психо-физичкото здравје на е-Атлетите и важноста на балансот помеѓу спорт и е-спорт” дебатираа ортопедски хирург на Универзитетската клиника за ортопедски болести, психолог и гешталт психотерапевт и еАтлета и контент креатор.

Овoгодинешното издание е само уште еден чекор поблиску до светските е-спорт настани. А1 Македонија останува во ритам со најновите трендови и активно ја следи динамиката на модерното време и се стреми кон уште повозбудливи иновативни изданија на A1 Game Fest.

Сподели!
- Advertisement -