Вака ќе изгледа телевизија целосно генерирана од вештачка интелигенција

- Advertisement -

Минатата недела беше соопштено лансирањето на онлајн телевизискиот канал Channel1.ai чија содржина целосно ќе биде генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Тоа значи дека сите водители, презентери и репортери на телевизијата ќе бидат генерирани преку вештачка интелигенција. Истовремено, телевизијата ќе испорачува приспособени и персонализирани вести на низа светски јазици, нудејќи спој на информативни и забавни содржини.

- Advertisement -

Персоналот на телевизијата е дизајниран да го имитира формалниот говор на телото на традиционалните телевизиски презентери и репортери. Истовремено тие ќе внесуваат и доза на хумор со цел да се чинат почовечни, а ќе бидат способни да зборуваат и да ги претставуваат содржините на повеќе светски јазици.

Каналот ќе ги генерира сите свои информативни содржини врз основа на изнестувањата на доверливи медиуми од целиот светот, прераскажани и курирани според индивидуалните интереси на гледачите во реално време. Човечки уредници и продуценти сепак ќе играат клучна улога во позадина на телевизијата, со цел да се обезбеди точност и јасност на секој чекор од продукцискиот процес.

- Advertisement -

Една од најинтригантните карактеристики на Channel 1 ќе биде неговата способност да создава илустративен материјал за настани од кои нема снимки, и тоа врз основа на описите на очевидци и контекстот даден од јавно достапните новинарски текстови.

Телевизијата ќе започне да испорачува дневни содржини достапни за глобална публика веќе во 2024 година, со натамошен план да го достигне својот целосен потенцијал така што ќе создава приспособени содржини за корисниците кои ќе бидат достапни преку мобилна апликација.

- Advertisement -

Во продолжение погледнете ја видео-презентацијата на првата телевизиска програма целосно генерирана од вештачка интелигенција:

Сподели!
- Advertisement -