Се развива вакцина против холестерол во крвта

- Advertisement -

Се работи на револуционерна вакцина, која ќе биде решение за широко распространето проблем со холестеролот во крвта, кој само во САД погодува дури 40% од населението. Таа иновативна вакцина ќе го таргетира лошиот холестерол, односно липопротеинската ниска густина, позната по тоа што предизвикува затнување на артериите и зголемен ризик од мозочен удар.

Во истражување на научници од Универзитетот на Ново Мексико и Универзитетот Калифорнија, вакцината се фокусира на клучниот протеин, PCSK9. Истражувањето е објавено во списанието NPJ Vaccines.

- Advertisement -

“Вакцината се базира на неинфективни честички на вируси, само лушпите на вирусот, кои може да се користат за развој на вакцини против разни проблеми” појаснува молекуларниот генетичар Брус Чакериан.

Посебните рецептори во црниот дроб го регулираат нивото на LDL, но вишокот PCSK9 може да ги спречи тие рецептори и да дозволи да се испушти лош холестерол во крвта. Комбинирајќи мали делови од PCSK9 со неинфективни вирусни честички научниците успеале да создадат имунолошки одговор кој го неутрализира тој штетен протеин.

- Advertisement -

Тестирањата на глувци и мајмуни ја покажале способноста на вакцината да го намали лошиот холестерол во крвта и до 30%.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -