Откриена супер Земја во зона која може да се насели

- Advertisement -

Меѓународен тим од научници, предводен од Џорџина Дренсфилд од Универзитетот Бирмингем, Обединето Кралство, го објави трудот „Планета во населлива зона со големина 1,55 R ⊕ чиј домаќин е TOI-715, ѕвезда M4 во близина на еклиптичкиот јужен пол“, во списанието Monthly Notices на Кралското астрономско друштво.

Меѓународна низа објекти се користени за потврда на постоењето на планетата, вклучувајќи ги телескопот Gemini-South, опсерваторијата Las Cumbres, телескопот ExTrа, мрежата SPECULOOS и телескопот TRAPPIST.

- Advertisement -

Според тоа истражување, планетата наречена TOI-715 b, која кружи околу својата ѕвезда на 137 светлосни години од нас, е отприлика 1,5 пати поширока од Земјата и кружи во конзервативна зона која може да се насели, околу својата матична ѕвезда. Таа оддалеченост од ѕвездата на планетата може да и даде соодветна температура за создавање течна вода на нејзината површина.

За да има присуство на површинска вода, мора да се усогласат неколку други фактори, посебно ако постои соодветна атмосфера. Но, конзервативната населлива зона, што е потесна и потенцијално погруба дефиниција на оптимистичната населлива зона, се става на прво место, барем според досегашните груби мерења.

- Advertisement -

Нејзината матична ѕвезда е црвено џуџе, помала и поладна од нашето Сонце. Познато е дека многу такви ѕвезди имаат мали карпести светови. Во моментот тие се најдобар избор за пронаоѓање планети на кои може да се живее. Тие планети кружат многу поблиску отколку оние кои кружат околу ѕевзди како нашето Сонце, но бидејќи црвените џуџиња се помали и поладни, планетите може да се набијат поблиску и да бида уште побезбедни во тие зони.

Потесните орбити исто така значат дека тие ги покриваат лицата на своите ѕвезди многу почесто отколку другите. Во случајот на оваа планета, тоа се случува еднаш на секои 19 дена, односно толку трае една година на овој свет.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -