Протетичка рака им го враќа чувството на допир на ампутираните

- Advertisement -

Користејќи протеза осетлива на температура 57-годишен маж може да разликува и рачно да сортира предмети врз база на температурата, но и да почувствува телесен контакт со луѓе.

Истражувачи од швајцарската политехничка школа École Polytechnique Fédérale de Lausanne (EPFL) ја развија MiniTouch, протезата која на луѓето со ампутирани делови од теото им овозможува да почувствуваат температура и да реагираат на неа. Уредот испорачува топлински информации од врвот на прстите на протезата до остатокот од делот од телото на луѓето со протеза, а може да се интегрира во комерцијално достапни протетски делови и притоа да не бара дополнителни оперативни зафати.

- Advertisement -

MiniTouch на корисниците им нуди информации за температурата од секојдневната околина, како што се информациите колку е топол пијалакот кој го држат во вештачката рака, но притоа го подобрува и чувството на човечка конекција.

ВРз база на постоечниот MiniToucha сега Швајцарците сакаат да развијат мултимодален систем кој ќе интегрира чувство на допир и осет за температура. Со тој вид на систем луѓето ќе можат да осетат дали нешто е меко, тврдо, топло или ладно.

- Advertisement -

Како што најавуваат инженерите од EPFL, идните модели треба да интегрираат ингормации за топлина од повеќе точки на вештачкиот дел, кој на луѓето со амуптирани делови од телото ќе им овозможи топлински и тактилни осети.

(Bug.hr)

- Advertisement -

(фото: IEEE Spectrum)

Сподели!
- Advertisement -