Sora: Нов модел со вештачка интелигенција кој генерира видео од текст

- Advertisement -

Технолошката компанија OpenAI претстави нов модел на вештачка интелигенција наречен Sora за кој тврди дека може да генерира „реални“ и „имагинативни“ видеа во времетраење од 60 секунди врз основа на текстуални описи.

Од компанијата објаснуваат дека новиот генератор ќе може да создава сложени сцени со повеќе ликови, специфични типови на движење и точни детали за темата и позадината. „Моделот ќе го разбира не само она што го бара корисникот во неговиот опис, туку и како тие нешта егзистираат во физичкиот свет“ – велат од OpenAI.

- Advertisement -

„Ја учиме вештачката интелигенција да го разбере и симулира физичкиот свет во движење, со цел да обучиме модели кои ќе им помагаат на луѓето да решаваат проблеми кои бараат интеракција во реалниот свет“ – објаснуваат од компанијата.

Во исто време, од OpenAI посочуваат дека Sora е проект на кој сè уште се работи и дека тој има одредени „слабости“ кои треба допрва да се решат, особено кога станува збор за просторните детали како „лево“ и „десно“, но исто така и за причините и последиците од одредени активности.

- Advertisement -

Засега, од OpenAI остануваат фокусирани на безбедноста. Компанијата објасни дека планира да работи со тим од експерти за да го тестира најновиот модел и внимателно да се справува со проблеми како што се дезинформациите, содржините со омраза и пристрасноста. Компанијата исто така најави дека работи на алатки кои ќе помогнат во детектирањето на погрешни информации.

Новиот генератор на видео од текст најпрвин ќе биде ставен на располагање на професори за сајбер-безбедност, кои можат да го анализираат производот за разни ризици или несакани последици. Исто така, компанијата ќе понуди пристап до голем број визуелни уметници, дизајнери и кинематографи, со цел да се соберат повратни информации за тоа како креативните професионалци би можеле да го користат новиот генератор.

- Advertisement -

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -