Микропластика пронајдена и во постелката на бремени жени

- Advertisement -


;икропластиката, која се смета за потенцијално токсична, е пронајдена во постелката на секоја тестирана бремена жена. Станува збор за откритие на ново истражување на научници од Универзитетот Ново Мексико.

Авторот на студијата, Метју Кемпен, ја потенцира сериозноста на ситуацијата. Ако ги анализираме ефектите на постелката, тогаш тоа може да влијае на целиот живот на цицачите на планетата. Кемпен нагласува дека може да се случи потенцијална ескалација на проблемот. Тој проблем со тек на време ќе се влоши затоа што сета таа пластика од нашата околина се разградува и станува микропластика, а концентрацијата расте.

- Advertisement -

Оваа студија користела иновативна метода наречена пиролиза-плинска кроматографија и масна спектрометрија, што на научниците им овозможило екстракција на микропластика од ткивото на постелката. Методата вклучувала загревање на примероците до согорување, што на научниците им овозможило да го доловат хемискиот отпечаток на различни честички. Оваа напредна техника овозможува анализа на различни примероци од ткива, вклучувајќи и човечки ткива. Резултатите од студијата се објавени во списанието Toxicological Sciences.

Кемпен го нагласува значењето на Py-GC-MS и вели дека неговата способност за откривање на фрагменти се до нанометарски димензии ги надминува огрничувањата на конвенционалните микроскопи. Тој додава дека сега се во можност да добијат целосна слика во еден број од сите различни величини и форми на сите различни честички на пластика кои се наоѓаат во ткивата.

- Advertisement -

Резултатите од истражувањето ја нагласуваат итноста на решавањето на проблемите со микропластиката во околината. Тоа е битно за научниците во ова подрачје бидејќо сета микропластика во околината само продолжува да се разградува и да станува уште поситна, вели Кемпен.

Студијата исто така го покренува прашањето за процесот на микропластиката до фетусите во развој. Апсолутно мислиме дека постои некој преносен процес, вели Кемпен и додава дека претпоставуваат дека микропластикатабго искористува поминувањето на мастите низ папочната врвца, што е клучно за развојот на фетусот.

- Advertisement -

(Daily Mail)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -