Во градот Битола, град кој многумина го знаат по историјата и улиците кои шепотат приказни од минатото, се расплетува еден современ наратив, чиј автор е Радмила Чобанова Василевски, по професија дипломиран технолог и докторант на нутриционизам и иновативни технологии за производство на храна, а по определба визионер во вистинска смисла на зборот.
Порасната во старото градско битолско јадро, љубовта кон технологијата ја добива од нејзиниот татко кој во едни минати времиња беше дел од клучниот тим на битолската славна млекара.
Со посветеност на истражувањата за нејзините докториски студии и со особини на научник за детали, Радмила тргна во нутриционистичка крстоносна мисија, комбинирајќи ја мудроста на вековите со современата наука за да ги редефинира нашите трпезариски маси. Нејзиното патување е патување со страст, мисија на едукација и просветлување кон здрава исхрана како клучен дел од етосот на MATCH Super Foods, компанија која ја формираа заедно со својот сопруг Сашо Василевски, инаку по професија дипломиран биотехнолог.
Приказната на овој пар не започнува во лабораторија или предавална, туку од самата суштина на секојдневниот живот – а тоа се нашите оброци. Радмила ја поддржува филозофијата дека „Вистинската мерка за богатството е нашето здравје – физичко, ментално и духовно“, аксиома што одекнува низ нејзината работа и живот. Црпејќи инспирација од мудростите на François de La Rochefoucauld: „Да се јаде е неопходност, но да се јаде интелигентно е уметност“, таа ја претвори едноставната поговорка во жива практика.
MATCH Super Foods е повеќе од бренд, тоа е доказ за верувањето на Радмила дека здравјето не само што влегува преку устата, туку и цвета од знаењето и изборот. Како докторант по нутриционизам, Радмила ја спојува уметноста на јадење со научна прецизност, изработувајќи прехранбени производи кои се колку хранливи, но и превкусни…нешто што е малку чудно за веганската храна. Нејзиниот пристап е холистички, фокусирајќи се на тријадата на физичка, ментална и духовна благосостојба, трансформирајќи го чинот на јадење од обична функција во интелигентен избор на храна и уживање во неа.
Ова интервју ги открива слоевите на визијата на Радмила, истражувајќи како нејзината академска строгост и страсно застапување за исхрана базирана на растенија создаваат иновации во прехранбената индустрија. Ве поканувам да ја запознаете оваа жена која со храброст чекори по линијата помеѓу науката и уметноста, правејќи го светот поздраво место со мудар избор на оброци.
Новинарка – Љубица Ангелкова
Фотограф – Коста Дупчинов
Дизајн & фотографии- Мартин Стојмировски и Михаил Митев
Со вашето големо искуство во науката за нутриционизам, што ве инспирираше да ја започнете компанијата MATCH Super Foods и како вашата експертиза како доктор по нутриционизам влијаеше на филозофијата и производите на MATCH?
Мојата долгогодишна експертиза во областа на прехрамбента индустрија и нутриционизмот послужи како основа за создавање на компанијата. Отсекогаш ме интересирало влијанието на исхраната врз нашето општо здравје и благосостојба, а во последно време сме сведоци на зголемениот интерес кај консументите за функционална храна. Ја видовме можноста да создадеме вкусна и функционална храна од растителна основа која се усогласува со вредностите на здравјето и одржливоста. Сето ова не инспирираше да започнеме бренд кој нуди практични, хранливи и вкусни производи.
Наша цел е да им помогнеме на луѓето да го откријат својот најголем потенцијал преку добра исхрана. Без разлика дали имаат потреба од појадок “on the go” спремен за консумација, сложени јаглехидрати после тренинг или вкусна ужина помеѓу состаноците, една чашка MATCH оброк од овес тоа им го овозможува.
Всушност нашето патување започна со визијата за комбинирање(МАTCH) на нутриционизмот со уметноста на создавање на вкусна храна од растително потекло,и тоа патување навистина не прави среќни и горди.
Мојата експертиза на ова поле пак, ни овозможи да направиме информиран избор за состојките, фокусирајќи се на нивната хранлива вредност, вкус и на нивната способност да придонесат за урамнотежена и здрава исхрана. Внимателно избравме состојки врз основа на нивните потенцијални здравствени придобивки, истовремено обезбедувајќи дека секој залак е и вкусно задоволство.
Спојот на прехранбената технологија и нутриционизмот ни овозможи да создаваме производи кои се истакнуваат на пазарот, нудејќи алтернатива со растителни состојки, која не само што изгледа и има вкус како традиционалните , туку и ја поддржува благосостојбата на нашите клиенти.
Токму овој холистички пристап го поттикна развојот на MATCH и можам да кажам дека нашите производи се одраз на мојата посветеност на спојување на научното знаење со кулинарската креативност.
Можете ли да ни кажете за патувањето на создавање на вашиот веге бургер? Што го прави да се издвојува по вкус и хранливост во споредба со другите на пазарот и со какви предизвици се соочивте при развивањето на плескавица од растително потекло што му пркоси на типичниот „благ“ стереотип, и како ги надминавте?
Создавањето на нашиот веге-бургер беше патување поттикнато од желбата да се понуди опција бургер ,базиран на растителна основа кој се истакнува и по вкус и по хранливост. Започнавме со верувањето дека храната од растителна основа не треба да биде само „поздрава“ алтернатива, таа треба да биде исклучително вкусен избор сам по себе. Пред себе си поставивме неколку амбициозни цели: да создадеме аналог на месо кое притоа да биде и пикантно, вкусно, хранливо и со текстура која наликува на месо, а да не користиме адитиви, ароми, бои и појачувачи на вкус .
За да го постигнеме ова, ги набавивме најдобрите состојки, ставајќи акцент на цели зрна од овес и сончоглед и користевме кулинарски техники за подобрување на вкусовите. Не се работи само за она што го нема (на пр. месото или прекумерните адитиви, хормони) туку и она што е присутно – богати вкусови, одлична текстура и нутритивен профил што ја поддржува целокупната благосостојба на консументот. Вкусот и хранливоста не се спротивставени во нашиот веге-бургер, тие се надополнуваат едeни со други, создавајќи производ кој е и вкусен и здрав .
Централен фокус во процесот на развој секако беше нутритивниот аспект на веге бургерот.
Кога станува збор за исхраната секогаш давам предност на користењето на цели зрна, наместо додавање на протеински изолати, затоа што само на таков начин како што природата го спакувала протеинот организмот може комплетно да го искористи. Тоа не разликува од веге бургерите кои се нудат на пазарот.
Синергијата на овес, сончоглед и наут во MATCH бургерот не само што нуди целосен профил на есенцијални амино киселини, но исто така ја обезбедува хранливоста на целите зрна.
Целите житарки, како овесот се фантастичен извор на сложени јаглехидрати и диетални влакна, промовирајќи одржлива енергија и дигестивно здравје. Семките од сончоглед се одличен извор на здрави масти и витамин Е, наутот е богат со протеини и задолжен е за текстурата на бургерот.
MATCH бургерот е богат со протеини, растителни влакна ,антиоксиданси и не содржи ни трага од заситени масни киселини и холестерол.
Кога станува збор за вкусот на MATCH бургерот, тоа е навистина нешто извонредно. Она што го издвојува е нашето тајно оружје, а тоа е внимателно избрана мешавина од медитерански зачини. Оваа уникатна мешавина додава богата и ароматична димензија на секој залак. Mедитеранските зачини навистина го правaт нашиот MATCH бургер кулинарско ремек-дело.
Пркосот на стереотипите дека храната од растително потекло е невкусна, за нас беше чист предизвик. Надминувањето на овие предизвици вклучуваше комбинација на посветеност, креативност и поместување на границите на она што сѐ е можно во производство на храна од растителна база. Цел тој процес траеше цели две години.
Во однос на вашиот производ од овесна каша, кои се високите нутритивни вредности што ги нагласувате и како тие придонесуваат за урамнотежена исхрана?
MATCH оброкот од овес е единствен оброк од овес на пазарот кој е спремен за консумација и со тоа го штеди вашето драгоцено време во овај свет во кој се живее со брзо темпо. Производ за кој користиме само 4-5 состојки Clean label, без додаден шеќер, бои или било какви вештачки додатоци. Богат со протеини, растителни влакна со цел да ви даде чиста енергија за успешен старт на денот. Засега ги има во два различни вкуса: јаболко-цимет и кокос-орев за различни прилики, особено за појадок, но можете да го користите и како “гориво” пред или после тренинг, па дури и како закуска или десерт во текот на вечерите.
Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека овесот е една од најмоќните суперхрани на планетата. Но, како и сите житарки и овесот содржи фитинска киселина, што ја отежнува апсорпцијата на хранливите материи како калциум, железо и цинк. Затоа во MATCH внимателно го натопуваме секое зрно овес во овесно млеко кое сами го произведуваме и благодарение на нашата уникатнa технологија, ја срушивме таа проблематична бариера и со консумирањето на нашиот оброк вашиот оргаанизам можe да го искористи целиот здравствен бенефит од овесот. Крајниот резултат е оброк полн со протеини, влакна и без додаден шеќер, млечни компоненти или конзерванси. На ваков начин подготвен оброк не прави пикови на гликемискиот индекс, ве држи сити подолго време и е лесно дигестибилен.
Овесот се вбројува во најздравите житарки што може да се најдат на пазарот, тој е богат извор на микро и макро нутриенти и растителни влакна.Многу е значајно за оваа житарка да се користи како полнозрнеста, затоа што во таква форма може да бидат внесени сите нејзини хранливи компоненти.
Јас многу сакам да зборувам за нутритивните придобивки на овесот, па еве и во ова интервју кое може да послужи како едукација на широката читателска публика на вашиот ценет портал да кажам дека овесот е супер храна. Тој има одлично избалансиран нутритивен профил и е добар извор на сложени јаглехидрати и растителни влакна вклучувајки го најмоќниот “фибер” бета глуканот.
А кога сме кај него, помеѓу моќните негови дејства се:
-намалување на LDL ,како и на нивото на целокупниот холестерол во крвта, намалување на нивото на глукоза во крвта, зголемување на чувство на ситост, зголемување на нивото на корисна цревна микрофлора, а со тоа и одржување на здрав микробиом.
Што е предноста на MATCH оброците или што ве прави поразлични од инстант кашите освен што е оброк ready to eat?
Во MATCH оброците цели зрна овес се топат во овесно млеко. Бета-глуканот во овесот потопен во овесно млеко, апсорбира течност и формира супстанца слична на гел, давајќи му на MATCH оброкот густа и кремаста текстура, а истовремено обезбедувајќи здравствени придобивки како што се подобрување на нивото на холестерол и контрола на шеќерот во крвта.
Нашиот продукт има подобрена сварливост/дигестибилност. Потопувањето на овесот во овесно млеко помага во разградувањето на сложените јаглехидрати како скробот и другите тешко сварливи соединенија, што го прави полесно да се вари и апсорбира, a благодарение на изобилството на растителни влакна не прави пикови на гликемискиот индекс и затоа со консумирањето на MATCH оброк се чувствувате сити долго време.
Потопувањето на овесот во овесно млеко ја зголемува достапноста на одредени хранливи материи, како што се витамин Б12, железо и цинк.
Иновациите се клучни во светот на стартапите. Можете ли да споделите како MATCH иновира во прехранбената индустрија, особено во сегментот на здрава исхрана и како MATCH го интегрира истражувањето во процесот на развој на својот производ?
Иновациите се во срцето на нашата мисија. Современиот консумент очекува од храната која ја консумира да има и здравствен бенефит, но и одличен вкус и поголема практичност. Поагајќи од овие сознанија се фокусиравме на иновации во делот на функционална храна. Нашиот пристап вклучува опширно истражување за најновите трендови во исхраната. Овие сознанија ги користиме за развој на нашите производи кои одговараат на растечката побарувачка на здрави опции на храна без да се компромитира вкусот. MATCH нуди иновативни производи по својот состав и практичност по што се разликува од останатите на пазарот.
Нашата посветеност на истражувањето гарантира дека секој производ на MATCH ги рефлектира најновите здравствени трендови и е дизајниран да има позитивно влијание врз благосостојбата на нашите потрошувачи. Ние ја интегрираме науката во нашите иновации за да ја направиме здравата функционалната храна од растително потекло достапна и вкусна.
Одржливоста е значајна грижа за потрошувачите денес. Како MATCH ги решава овие проблеми со своите производи и деловни практики и дали би можеле да ни кажете за какви било предизвици со кои се соочувате во балансирањето на одржливоста со профитабилноста и растот?
Одржливоста е клучен фактор во производството на MATCH производите. Храната на растителна база е поеколошка и поздрава алтернатива споредна со традиционалните опции засновани на храна од анимално потекло. Уште од самиот почеток си поставивмe предизвик да ги имплементираме принципите на циркуларна економија во нашиот бизнис модел и во тоа успеваме.
Имено, при производството на млеко од овес, остатокот после деканирањето кој е со одличен нутритивен профил, го употребуваме како влезна суровина при производството на MATCH бургерите.На овај начин не правиме отпад од храна и го оптимизираме искористувањето на суровините.
Овој пристап помага да се намали влијанието врз животната средина и да се оптимизира користењето на ресурсите. Ова не само што ја одразува посветеноста на одржливоста, туку придонесува и за поодговорен и совесен пристап за животната средина кон производството на храна.
Овие производи се дизајнирани не само да нудат здравствени придобивки туку и да го минимизираат нивното влијание врз животната средина. Со фокусирање на минимален отпад од храна, одржливо снабдување со состојки, намалена енергија и емисии, процесот на производство на овие производи се усогласува со принципите на грижа за животната средина од самиот почеток.
Веруваме дека долгорочната профитабилност е тесно поврзана со одржливоста. Придобивките од намалувањето на отпадот, зголемувањето на оперативната ефикасност и задоволувањето на побарувачката на потрошувачите за етички практики може да доведат до значителни заштеди и можности за раст. Тоа е промена во начинот на размислување и секако е предизвик, но вреди.
Oдржливоста ја гледаме како инвестиција во посветла, поздрава иднина, како за нашиот бизнис, така и за планетата.
Што е на хоризонтот на MATCH Super Food во однос на нови производи или проширувања и каде го гледате MATCH и прехранбената индустрија од растително потекло во следните пет години?
Во фокусот на нашето работење е развојот и иновациите. Ќе го шириме нашето портфолио со нови продукти и вкусови, па така на сцена стапува третиот продукт а тоа се веганските крокети и MATCH супер бомбите. Ние сме и комапнија која ,,внимателно,, ги слуша консументите за да ги задоволиме нивните барања и очекувања. Истражуваме и интернационални пазари и можни партнерства и соработки кои ќе се усогласат со нашата мисија за промовирање на здравјето, одржливоста и етичките практики.
Наша мисија со започнувањето на овај стартап беше и едукација на населението за значењето на храната на целокупното здравје. Сакаме да го разбиеме митот дека растителната храна е невкусна, напротив…Да им обезбедиме информации за бенефитите од консумацијата на растителна хрна и како таа може да се инкорпорира во нивните секојдневни оброци. Планираме многу дегустации и работилници. Преку социјалните медиуми кои се моќна алатка ќе стигнеме до поголема публика и ќе креираме едукативни содржини, кои ќе ги инспирираат луѓето да пробуваат нови вкусови и да направат позитивни промени во нивната исхрана.
Нас и сега секој заинтересиран може да не контактира преку нашата официјална веб-страница, каде што ќе ги најдете сите детали за нашите производи. Активни сме и на социјалните мрежи каде што споделуваме совети за исхрана и информации поврзани со нашите новитети. Слободно следете нè и испратете ни порака таму. Со нетрпение очекуваме да се поврземе со истомисленици и организации кои сакаат да бидат дел од патувањето на MATCH.
Денес под чадорот на веганската/посна храна или храна збогатена со протеини на полиците во маркетите ќе најдете и храна која содржи многу адитиви, конзерванси, вештачки засладувачи, затоа ги охрабрувам купувачите да читаат декларации, внимателно да го прават изборот на храна, да купуваат производи чии состојки ги знаат. Потрошувачите имаат право да знаат што влегува во производите и тоа ние го прифаќаме со голема одговорност. Етичност и транспарентност се нашите вредности.
Иднината носи промена кон поздрав избор, конкретно поздрав начин на живот кај консументите. Храната е нутритивно побогата, амбалажата е поеколошка, потрошувачите се пообразовани. Сето тоа се трендови кои иако долго време владеат со светот, сигурно ќе ни дојдат во наредните години. Точно е дека денес трендовите брзо се менуваат, но ова се суштинските промени, кои верувам дека ќе станат составен дел од нашите животи.
Консумацијата на plant based food доживува една невидена револуција последниве години во светот, а ние имаме за цел MATCH да биде во првите редови на овој тренд кај нас. Во следните пет години, го гледаме MATCH како признат лидер во прехранбената индустрија на растителна основа, познат по нашата посветеност на здравјето и одржливоста.
Бидејќи свеста за еколошките и здравствените придобивки од јадењето на растителна основа продолжува да расте, очекуваме значително зголемување на побарувачката за нашите производи. Иднината најверојатно ќе донесе поширок опсег на храна на растителна основа и иновативни состојки кои продолжуваат да ја редефинираат прехрамбената индустријата.
MATCH ќе придонесе за оваа трансформација со нови производи, одржливи практики и залагање за подобар избор на храна и навистина сме горди што сме и ќе бидеме дел од оваа позитивна промена.
Каков совет би им дале на претприемачите кои сакаат да имаат позитивно влијание во прехранбената индустрија и дали би можеле да споделите лекција што сте ја научиле од вашето патување на оваа идеја, а која би можела да им користи на другите кои започнуваат сопствен деловен потфат?
Пред да се впуштите во претприемничка авантура, интервјуирајте го вашиот сон, побарајте ги неговите маани, испровоцирајте го. Бидете немилосрдни, додека не се уверите дека тој е доволно силен да се впушти во оваа авантура со него.
Но, штом ќе тргнете, не застанувајте. Верувам дека столбот на секој потфат е токму она што го носиме со себе на првиот ден – идејата што нè направи среќни, визијата што нè води, неисцрпна посветеност, упорност, љубов и храброст. Во моментите кога небото потемнува и почнуваат проблемите, вербата во нашиот сон е најсилната и најубавата причина за останување и преживување во таа бура. Бидете страсни, насочете се кон целите и бидете трпеливи. Прво и основно, имајте вистинска страст за влијанието што сакате да го направите. Во прехранбената индустрија, каде вкусот и здравјето одат рака под рака, вашата страст ќе блесне преку вашите производи .
Второ, бидете насочени кон целта. Од суштинско значење е да знаете „зошто“ го правите тоа што го правите. Погрижете се вашата мисија да се усогласи со вашите вредности и да одговори на вистинска потреба или проблем на пазарот. Потрошувачите денес се привлечени кон бизниси кои имаат цел и надвор од профитот.
И на крај, бидете трпеливи. Успехот не се случува преку ноќ. Градењето бизнис, особено во прехранбената индустрија, бара време. Бидете подготвени за неуспеси, учете од нив и останете посветени на вашата мисија. Упорноста и издржливоста често се клучот за да се направи трајно, позитивно влијание. Градете го вашиот авторитет преку знаење и човечност.
Една од највредните лекции што ги научив на моето претприемачко патување е важноста на приспособливоста. Во прехранбената индустрија која постојано се развива, приспособливоста е клучна. Трендовите на пазарот, преференциите на потрошувачите, па дури и надворешните фактори како економските промени можат да влијаат на вашиот бизнис.
Способноста да се завртите, да ги усовршите вашите производи или бизнис модел и да ги прифатите промените е клучна. Важно е да останете поврзани со вашите потрошувачи, да ги слушате нивните повратни информации и да бидете подготвени да направите прилагодувања. Запомнете дека иновацијата е континуиран процес. Само компаниите кои работат на развој, а притоа остануваат верни на своите темелни вредности може да напредуваат. Затоа, мојот совет е да ги прифатите промените, да бидете флексибилни и да продолжите да учите во текот на тоа ваше патување.