Марк Цукерберг изгуби стотина милиони долари за еден час пад на Facebook и Instagram

- Advertisement -

Серверите на Facebook и Instagram паднаа минатиот вторник во масовен прекин на работата на платформите на матичната компанија Meta. Луѓето кои се обидуваа да се логираат на веб верзијата и на апликациите добиваа пораки за некаква грешка. Facebook многу корисници одјави од нивните профили и не можеа повторно да се логираат, додека Instagram не прикажуваше никакви содржини.

Стотици илјади пијави за прекина на работата на овие платформи имаше на страницата Downdetector. Матичната компанија призна дека имале проблеми и откако проблемот бил решен, на платформата X напишаа дека имале технички проблем.

- Advertisement -

„Техничкиот проблем предизвика тешкотии при пристапувањето до некои од нашите услуги. Го решивме проблемот што е можно побрзо и се извинуваме поради какви било непријатности“ напишаа тие.

Но, на сето тоа реагираше и берзата. Падна цената на акциите на Metа. Компанијата оставарува најголем дел од своите приходи преку корисниците, а покрај техничките проблеми кои ги срушпија платформите, падна и заработката. Сепак, точната сума веројатно нема да се открие.

- Advertisement -

Од њујоршката компанија Wedbush Securities за Daily Mail изјавија дека Марк Цуберберг изгубил околу 100 милиони долари поради едночасовниот прекин. Оваа сума можеби е незначителна во споредба со годишните приходи на Metа, кои во 2023 година изнесувале околу 134 милијарди долари.

(24sata)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -