Twitter прави посебен дел за +18 содржини

- Advertisement -

Социјалната мрежа X (поранешен Twitter) тестира нова функција – онлајн заедница која е специјални направена за содржини за возрасни (NSFW). Ова го тврди Даниел Бухук од веб-страницата Watchful, која го анализира развојот и перформансите на апликацијата и кој ја пронашол новата функција на едно од неговите истражувања.

Покрај тоа, независниот истражувач Нима Овџи на Twitter сподели како ќе изгледа новата опција на страницата каде што се наоѓаат заедници (Community Page).За потсетување, Twitter ги воведе заедниците (Communities) во 2021 година и тие на корисниците им овозможуваат да објавуваат во помали групи, слично како на Reddit.

- Advertisement -

Исто така, ова може да биде чекор напред кон се повеќе сексуални содржини на Twitter, како што велат експертите од Tech Crunch, зашто оваа платформа е примарно место на коешто се рекламираат сексуалните работници. На Х (Twitter) е дозволено објавување содржини за возрасни, , меѓутоа кога би се направиле заедници со таа тема, на креаторите би им било многу полесно да да дојдат до својата публика.

(b92)

- Advertisement -

(фото: Deviant Art)

Сподели!
- Advertisement -