ChatGPT сега може да се користи и без регистрација

- Advertisement -


Компанијата OpenAI го најави својот следен чекор во стратегијата за ширење на достапноста на своите алатки со вештачка интелигенција, така што сега ChatGPT може да се користи без регистрација.

Над 100 милиони луѓе во светот неделно го користат ChatGPT во 185 земји u 185 земји, а компанијата се надева дека со укинување на задолжителното креирање профил за да се користи тој број на корисници уште повеќе да се зголеми.

- Advertisement -

Можноста за корустење на ChatGPT без профил полека ќе се шири, така што на почетокот нема да биде достапна за сите. По правило, OpenAi го користи она што корисникот го бара од ChatGPT за да ги унапреди своите модели за сите, а ако корисникот не сака неговата интеракција со четботот да остане зачувана, тоа може да го избере во почетните поставки и без да се регистрира.

Корисниците кои ќе одлучат да креираат профил ќе добијат можност заскладирање и преглед на целосната историја на четот, ќе можат да ги споделуваат четовите и да отклучат дополнителни функции, како што е гласовен разговор и прилагодени инструкции.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Chat GPT)

Сподели!
- Advertisement -