Првиот човек со трансплантиран свински бубрег во светот излезе од болница

- Advertisement -

Првиот човек на кој му беше трансплантиран генетски модифициран бубрег од свиња беше отпуштен од болница. Шеесетгодишниот Ричард Слејман беше пуштен дома во средата, две недели после историската операција во Општата болница во Масачусестс.

Трансплантацијата на генетски модифицираниот орган од свиња претходно не беше возможна, но успехот на најновата процедура го пофалија сите научници и велат дека станува збор за историски пресврт на полето на трансплантацијата.

Слејман бил во последна фаза од болеста на бубрезите и му била неопходна трансплантација. Неговите лекари усешно транплантираа генетски модифициран свински бубрег во неговото телот во текот на операцијата која беше направена на 16 март и траеше четири часа. Лекарите тврдат дека бубрегот функционира добро и дека нивниот пациент повеќе не е на дијализа.

- Advertisement -

Во 2018 година на Слејман му бил транспланиран човечки бубрег од починат донатор, но престанал да работи во текот на истата година, а лекарите добиле идеја да го заменат со свински бубрег.

Свинскиот бубрег бил генетски модифициран од страна на компанијата eGenesis, која ги отстрамила штетните свински гени и додала одредени човечки гени за да ја подобри компатибилноста на органот со луѓето. Процедурата ја одобрила Администрацијата за храна и лекови, а истата сега претставува историски чекор кон потенцијално решавање на проблемот со недостигот на органи за трансплантирање.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Easy-Peasy AI)

Сподели!
- Advertisement -