ВИДЕО: Дрон ги полни батериите директно на жици од далекувод

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Јужна Данскаразвија технологија за полнење на квадкоптер дронови со електрична енергија директно од жиците на далекуводите, наместо да се вклучуваат во штекер.

Иако овој систем би можел да се користи за разни уреди и машини, научниците веруваат дека првенствено ќе служи за инспекција на енергетската структура. Научникот Виет Дуонг Хоанг и неговиот колеги од данскиот универзитет ја искористиле рамката за дронот Tarot 650 Sport од карбонски влакна, а потоа додале електричен погонски систем за квадкоптер, литиум-полимерска батерија од 7000 mAh и електронски компоненти како микрокомпјутерите Raspberry P4 B, автопилот Pixhawk V6X модѕул, радарска едИница на милиматерски бранови и RGB видеокамера.

- Advertisement -

Овој уред се состои од два широко отворени краци наведнати конвнатре. Кога вгтрадениот софтвер ќе открие дека батеријата му е при крај, леталото ја користи својата камера и радарот за да го забележи најблискиот далекувод и потоа лета рамно кон него одозгора.

Откако ќе дојде до струјниот вод, кабелскиот водич на дронот го насочува кабелот со фаќалка. Откако батеријата на дронот ќе биде целосно полна, фаќалката се отвора и дронот може да продолжи со летање,како што можете да видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

Треба да се има на ум дека потребен е само мал потисок нагоре од страна на дронот а да се откачи фаќалката. Освен тоа, ако напонот на далекуводот е доволен, тој слчужи како извор на напојување, а во спротивно се користи батеријата на дронот.

Во демонстрациски вежби направени на данскиот аеродром HCA дрон тежок 4,3 кг можел да работи повеќе од два часа така што ја полнел батеријата пет пати. Наључниците сега работат на зголемување на робустноста на системот и се надеваат дека ќе го тестираат и на оддалечени локации и во неповолни временски услови.

- Advertisement -

Научниот труд за ова истражување беше претставен на Меѓународната конференција за роботика и автоматизација IEEE 2024.

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -