АЕТМ: Нова веб-платформа за намалување на сива економија и заштита од нелојална конкуренција во е-трговијата

- Advertisement -

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) неодамна ја промовираше својата нова онлајн платформа ecommerce.mk/badge која има за цел да го направи онлајн купувањето побезбедно и подоверливо за секого, како и да придонесе во континуираната борба за намалување на сивата економија и сомнителните практики на нерегистрираните продавачи во е-трговијата.

Во рамки на оваа платформа купувачите и е-трговците може да дознаат повеќе за:

- Advertisement -
  • Единствениот унапреден и категоризиран регистар на онлајн продавачи во С.Македонија кои активно нудат производи или услуги и овозможуваат онлајн плаќање преку една од петте банки во нашата земја кои нудат е-трговија;
  • Информации за како е-трговците може да се стекнат со Беџот за верификуван е-трговец, кој има за цел да придонесе кон намалување на сивата економија во е-трговијата промовирајќи ги е-продавнците кои се регистрирани правни субјекти и ги поминале потребните проверки од страна на АЕТМ за усогласувањето со регулативата и обврските за работењето во е-трговијата согласно правилникот за стекнување со Беџот;
  • Информативна содржина за поднесување на поплаки до надлежните институции во случај на непријатни искуства со е-трговијата, како и едукативна содржина за намалување и одбегнување на сивата економија;

Преку промоција на регистрираните е-трговци, платформата има за цел да гради подобра заедница за е-трговија во Македонија намалувајќи ја нелојалната конкуренција на бизнисите во е-трговијата, како и едукативно и информативно да влијае врз онлајн купувачите со цел намалување на сивата економија.

РЕГИСТАР НА Е-ТРГОВЦИ

- Advertisement -

Регистарот на е-трговци дава појасна слика за понудата во е-трговија и има за цел:

  • да ја зголеми информираноста на купувачите и нивната заштита при купување онлајн
  • да им овозможи лесно да направат разлика помеѓу регистрирани е-трговци и нерегистрирани субјекти кои учествуваат во онлајн продажбата
  • да ја намали можноста за купување од непроверени онлајн продавачи и учество во сивата економија.

Регистарот на е-трговци ги вклучува онлајн продажни места кои имаат направено најмалку една успешна трансакција помеѓу 1 јануари 2022 година и 31 декември 2023 година и истиот се ажурира неколку пати во текот на годината (најчесто на квартално ниво).

- Advertisement -

Направена е и категоризација на е-трговците во 25 категории, согласно категоризацијата на Евростат, но и локалниот контекст и постојните е-трговци на пазарот во Македонија. Ажурираниот регистар на е-трговци е бесплатен и достапен за јавноста во секое време, а купувачите можат да ги пребаруваат е-трговците по следните 3 параметри: правен субјект на е-трговецот, веб адресата на е-трговецот (URL) и категорија во која спаѓа е-продавницата.

БЕЏ ЗА ВЕРИФИКУВАН Е-ТРГОВЕЦ

Покрај регистарот, на веб платформата можат да се најдат информации за Беџот за верификуван е-трговец – кој претставува визуелна ознака која што се поставува само кај е-трговците кои се дел од Регистарот на регистрирани е-трговци и дополнително самостојно ќе аплицираат и ќе ги поминат соодветните проверки од АЕТМ за неопходните регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.

Новата веб платформа има за цел да го подобри начинот на аплицирање за Беџот за верификуван е-трговец, како и целосното менаџирање на процедурите за стекнување со истиот и да придонесе за негов дополнителен развој. Дополнително, преку новата веб платформа е овозможен едноставен и автоматизиран начин за аплицирање, управување и реобнова на Беџ за верификуван е-трговец, како и преглед на сите верификувани е-трговци и индивидуални профили на секој од нив.

ИНФОРМАТИВНА СТРАНИЦА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОПЛАКИ ДО НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ

На веб платформата исто така е достапна и информативна страница за поднесување на поплаки до надлежните институции и едукативни содржини за сивата економија во е-трговијата преку која граѓаните се информираат за надлежностите на институциите и како правилно да поднесуваат поплаки до соодветните институции.

Повеќе информации за веб платформата дознајте на ecommerce.mk/badge

Youtube линк кој може да се постави од видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=3VYyy6tZ3Vg

EMBED CODE за видео

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/3VYyy6tZ3Vg?si=9_Gpj9XL1ief4Uhr” title=”YouTube video player” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture; web-share” referrerpolicy=”strict-origin-when-cross-origin” allowfullscreen></iframe>

Развојот на веб платформата е дел од иницијативата „Градење подобра заедница за е-трговија” која се реализира со поддршка на УСАИД, во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, имплементиран од Консалтинг за стратешки развој.

Сподели!
- Advertisement -