Компанијата Boston Dynamics е позната по своите роботи, кои со секоја нова верзија поместуваат нови граници. Доволно е само да ве потсетиме на Spot или на Atlas, а токму Atlas доби нова верзија, која според Boston Dynamics, треба да биде уште понапредна.
Во видеото кое го споделија новата генерација на Аtlas, изградена на нова платформа, со своите движења многу добро го имитира човекот. Така, може да се види како се буди од сон, полека станува вртејќи ги нозетењ на многу нечовечки начин. За разлика од другите роботи, лицето му е сјаен крај на груб цилиндар.
Иако на јавноста и го покажаа новиот Atlaѕ, од Boston Dynamcs не открија дополнителни информации. Во соопштение за медиуми наведоа само дека новата верзија е целосно електриче робот Atlas дизајниран за примена во реалниот свет и има поширок распон на движење од која било претходна генерација.
Официјалното име е HD Atlas, а оваа нова варијанта има новодизајнирани фаќалки за уште поширок список со можните улоги. Од компанијата велат дека HD Atlas е единствено способен за решавање на досадни, валкани и опасни задачи.
(Zimo)
(фото: YouTube)