Кинеските градови тонат поради премногу градење и ископување многу вода

- Advertisement -


Речиси половина од големите кинеските градови тонат поради претерано користење вода и се поголемата тежина на објектите кои се градат, пишува BBC. некои градови тонат брзо, а 1 од 6 градови тоне по над 100 мм годишно. Тоа се случува во текот на последнат деценија, период во текот на кој забрзаната урбанизација значи дека се користи се поголема количина вода за луѓето. Во крајбрежните градови милиони луѓе се во опасност од иселување поради поплавите и растот на нивот на морињата.

Кина има долга историја на борба со тонење на земјиште, а Шангај и Таинџин покажаа знаци дека тонат уште од дваесеттите години на минатиот век. Шангај потонал повеќе од 3 метри во зиминатите 100 години, а во поново време докажано е дека има тонење на земјиште во многу градови кои брзо се развиле во изминатите децении.

- Advertisement -

За да ја разберат сериозноста на проблемот тим од истражувачи од неколку кинески универзитети анализирале 82 градови кои имаат популација поголема од 2 милиони луѓе. Притоа, користеле податоци од сателитот Sentinel-1, за да го измерат вертикалното движење на тлото во Кина.

Анализирајќи го периодот од 2015 до 2022 година истражувачите установиле дека над 45% од урбаните средини тонат за над 3 мм годишно. Околу 16% од урбаното земјиште тонат над 100 мм годишно, што научниците го сметаат за брзо тонење. Тоа значи дека 67 милиони луѓе живеат во подрачја со брзо тонење на тлото. Тонењето зависи од различни фактори, меѓу кои геологијата и тежината на објектите, но најголем фактор е всушност губењето на подземните води.

- Advertisement -

Во суштина, тоа значи дека се вади вода од или блиску до градовите за да ја користи локалната популација. Тоа е забележано во неколку урбани средини ширум светот, вклучувајќи ги Хјустон, Мексико Ситит и Делхи.

Научниците тврдат дека копното тоне побрзо отколку што расте нивото на морињата. А тоа значи дека се загрозени милиони луѓе.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -