Марк Цукерберг изгуби 22 милијарди долари од богатството

- Advertisement -

Нето-вредноста на милијардерот и извршен директор на платформата Meta, Марк Цукерберг, се намали за над 22 милијарди долари или 13%. Падот беше забележан во четвртокот, додека акциите на матичната компанија на Facebook паднаа откако технолошкиот гигант на конференција за инвеститори за првиот квартал пријави поголеми очекувани приходи, но прогнозираше и бавен раст.

Акциите на Meta паднаа за над 13% на 426,47 долари, додека нето-вредноста на Цукерберг се намали на 151 милијарди долари. Падот на цената на акциите следуваше откако компанијата прогнозираше помала продажба за вториот квартал и предвиде големи трошоци во својот оддел за вештачка интелигенција.

- Advertisement -

И покрај тоа, Цукерберг и понатаму останува четвртиот најбогат човек во светот, веднаш зад Бернар Арно од LVMH, Џеф Безос од Amazon и Илон Маск од Teslа. Иако е планирано инвестирање во вештачка интелигенција, Meta и понатаму е претежно компанија за огласување, кое сочинува 99% од нејзините вкупни приходи.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -