ЕУ размислува да го забрани TikTok во Европа

- Advertisement -

Откако американскиот Конгрес го усвои нацрт-законот со кој се забранува апликацијата TikTok во САД и го испрати на потпишување кај претседателот Бајден, со што ќе стапи на сила во рок од 12 месеци ако компанијата ByteDance не го продаде TikTok на некоја американска компанија, многумина се запрашаа дали може американската забрана да се прошири на други делови од светот, пред се на земји од ЕУ.

На дебатата која се одржа во Мастрихт и на која учестуваа партиите кои се натрпеваруваат на годинашните европски избори, претседателската на Европската комисија, Урсул фон дер Лејен, зборуваше за чекорите кои ги презела ЕУ за да ги ублажи ризиците кои ги носи со себе платформата TikTok за државите-членки.

- Advertisement -

На прашањето на модерагорите дали ЕУ ќе го забрани TikTok откако тоа го направија САД, фон дер Лејен устакна деа тоа не е исклучено и дека Европската комисија е првата светска институција која го забранила TikTok на службените телефони.

Минатата недела Европската комисија покрена друга официјална истрага за TikTok и наведе дека компанијата можеби го прекршила Законот за дигитални услуги кога ја стартувала услугата TikTok Lite во Франција и во Шпанија. Комисијата посебно се осврна на програмата за задачи и награди на платформата, која на корисниците им овозможува собирање бодови. Откако истакнаа дека компанијата ја стартувала програмата без претходно внимателно проценување на ризиците кои ги носи, посебно тие поврзани со зависноста.

- Advertisement -

Иако Фон дер Лејен не кажа директно дека TikTok не е пожелен во Европа бидејќи со него управува компанија која во кинеска сопственост,како што рекоа сенаторите во САД, изгледа дека забраната на TikTok во Европа се поизвесна.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -