Кинези направија водена батерија со дупло поголем капацитет од литиум-јонската

- Advertisement -

Кинески истражувачи развија батерија на база на вода, за која тврдат дека е многу побезбедна и енергетски поефикасна од високо запалливите литиум-јонски батерии. Истражувачите наведуваат дека новата батерија ќе биде дупло енергетски погуста од традиционалните лииутм-јонски батерии, а поради тоа има потенцијал да донесе револуција во индустријата за електрични возила.

Водените батерии користат вода како растворувач за електролитите, со што се зголемува нивната безбедност. Традиционалните литиум-јонски батерии имаат повисока густина на енергијата, но нивната безбедност е загрозена поради запалливите органски електролити, компонента која овозможува полнење и празнење.

- Advertisement -

Таквите батерии, генерално, имаат ниска густина на енергија поради ограничената растворливост на електролитите и нивниот напон. Меѓутоа, кинеските истражувачи развија водена батерија со висока енерегетска густина заснована на халоген пренос на повеќе електролити.

Групата истражувачи, предводени од професрото Ли Џиангфенг од Институтот за хемиска физика во Далиан, во соработка со групата на професорот Фу Чианг развија катода за пренос на повеќе електролити заснована на бром и јод. Оваа катода постигнала специфичен капацитет поголем од 800 Ah/L и густина на енергија до 1.200 Wh/L на основа на католити во тестирањето на полна батерија, покажа истражувањето објавено во списанието Nature Energy.

- Advertisement -

За да ја подобрат енергетската густина на водените батерии истражувачите користеле мешан халогенски раствор од јони на бром и јод како електролити. Развиле реакција на повеќе јони пренесувајќи негативни јони на јод на јодниот елемет (I2), а потоа на јодот (IO3-).

Научниците велат дека густината на нивната батерија дури ја надминува густината на енергијата на некои цврсти електродни материјали и дека со цената може да се споредува со традиционалните литиумски батерии.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -