Фрлените батерии се чест причинител на пожари

- Advertisement -

Фрлените батерии од електронските и електричните уреди се се почеста причина за пожари, нанесувајќи штета и загадувајќи го воздухот, предупредуваат британски пожарникари и еколошки активисти во последното истражување.

Пожарите во камионите за возење отпад и на депониите се зголемиле за над 70% од 2022 година дсоега и се проценува дека во 2023 година имало 1.200 такви пожари, се вели во студијата на компанијата Material Focus.

- Advertisement -

Наглиот раст на бројот на преносни електрични уреди со литиум-јонски батерии го зголемува ризикот од пожари, а студијата покажала дека минатата година биле фрлени 1,6 милијарди батерии, вклучувајќи и 1,1 милијарди батерии.

Литиум-јонските батерии се користат во најголем дел од преносните електронски уреди, вклучувајќи ги и преносните компјутери, мобилните телефони, таблетите,слушалките и електронските цигари, а ако не се рециклираат, завршуваат на отпад, може да се згмечат и да се оштетат, што може да предизвика пожар.

- Advertisement -

И активистите и здруженијата на пожарникари предупредуваат дека пожарите кои ги предизвикуваат литиум-јонските батерии може да бидат посебно опасни за јавното здравје, за работнциите на депониите и за пожарникарите поради ризикот од изложување на хемикалии и повторно запалување.

Пожарите коиги предизвикува отпад отсекогаш биле предизвик, но литиум-јонските батерии се голем проблем и затоа што носат досега непознати и нпредвидливи ризици, велат од пожарникарските здруженија од Велика Британија. Таквите пожари може да бидат многу експлозивни и брзо да се шират, со ризик од повторно запалување, а отровните гасови претставуваат опасност за пожарникарите.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: MaxPixel)

Сподели!
- Advertisement -