Ова е првиот дрвен сателит во светот, а во вселената би требало да замине за неколку месеци

- Advertisement -

Јапонските научници официјално го претставија првиот дрвен сателит во светот. Наречен LignoSat, овој сателит е создаден во соработка на Универзитетот Кјото и компанијата Sumimoto Forestry, а треба да биде лансиран во вселената оваа есен.

Како што истакнуваат, овој мал сателит со големина од само 10 сантиметри може да претставува голем чекор напред кога станува збор за одржливоста во вселената. Сателитите кои не се направени од метал треба да станат вообичаени во иднина, истакна професорот Такао Дои на прес-конференција.

- Advertisement -

Овој јапонски сателит можеби ќе може да реши еден од најголемите проблеми со кои се соочува вселенската индустрија – акумулацијата на вселенски отпад. Имено, повеќето моментални сателити се направени од метал и пластика. Кога ќе го завршат својот животен век во орбитата, тие обично повторно влегуваат во атмосферата на Земјата и согоруваат. Сепак, научниците предупредуваат дека металните честички произведени со согорување во атмосферата може дополнително да ја загадат и онака загадената атмосфера.

Дрвениот сателит, во овој случај направен од дрво од магнолија, целосно ќе изгори кога ќе влезе во атмосферата и со тоа значително ќе го намали неговото влијание врз животната средина.

- Advertisement -

LignoSat засега е сè уште во експериментална фаза и иако ќе биде лансиран во вселената, нема да оди директно во орбитата. Кога ракетата SpaceX ќе го земе со себе во септември, прво ќе го фрли во модулот на Јапонската вселенска агенција на Меѓународната вселенска станица. Потоа астронаутите ќе го испуштат во орбитата, а научниците на Земјата се надеваат дека ќе добијат интересни податоци од него.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -