По успешното основање на United Fiber во Грција во 2021 година, United Group продолжи да го обединува своето портфолио на фиксна инфраструктура во Европската унија (Бугарија, Хрватска и Словенија) под брендот United Fiber. Започнувајќи со регистрацијата на новооснованата компанија во Словенија во март 2024 година, а потоа во Бугарија и Хрватска до крајот на оваа година, групацијата е фокусирана на понатамошно забрзување и зајакнување на своите инвестиции во таа област.
Модерната широкопојасна инфраструктура ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Азија, одговарајќи на високата побарувачка за транзит низ клучните пазари на групацијата, а ултрабрзиот и стабилен интернет ја задоволува големата побарувачка на корисниците и деловните клиенти низ Југоисточна Европа.
Жељко Батистиќ, потпретседател за технологија на United Group, вели: „Во United Group знаеме како да изградиме и имплементираме најмодерна фиксна инфраструктура. Во Србија целосно почнавме од нула во 2000 година, а две децении подоцна станавме најголемата оптичка мрежа во Југоисточна Европа. Само во четири земји од Европската унија – Грција, Бугарија, Хрватска и Словенија, United Group поседува 60.000 километри основни и метро мрежи. Нашата најсовремена широкопојасна мрежа достигнува 3,6 милиони домаќинства на овие пазари. Во моментов го спроведуваме планот за испорака на 475.000 нови оптички приклучоци за домаќинства во 2024 година, а со слично темпо ќе продолжиме и во наредните години. Нашата визија е да станеме префериран бренд за корисниците, деловните клиенти и партнер за јавниот сектор, со цел да придонесеме за успешна дигитализација на општеството. Консолидирањето на нашите инвестиции во United Fiber ќе ни овозможи дополнително да ги прошириме нашите активности, да создадеме силни синергии и да ги подигнеме нашите инвестициски капацитети на повисоко ниво. Благодарение на посветените професионални тимови за продажба, поддршка и технички операции, ќе можеме да бидеме уште подостапни за нашите клиенти. United Fiber Greece беше клучна во имплементацијата на стратегиите за развој на инфраструктурата на Групацијата. Компанијата успеа да го забрза своето влијание во Грција со 20% пенетрација на сопствената оптичка инфраструктура (во споредба со националниот просек од 8%), обезбедувајќи им на клиентите ултра брзо поврзување“.
Во Бугарија групацијата ја има најголемата оптичка мрежа во земјата, која достигнува 50% од сите домаќинства, со план да се прошири на 67% до 2028 година. Во Хрватска годишно се покриваат околу 80.000 домаќинства, со план до 2028 година да се опфатат 40% од сите домаќинства. Во Словенија групацијата ја поседува втората најголема мрежа, со гигабитни брзини, која покрива околу 50% од домаќинствата.
Новиот инфраструктурен проект на United Fiber е поставување на кабел што ќе ги поврзе Атина и Солун и Југоисточна Европа со клучните центри на Западна Европа. Проектот, кој треба да биде завршен до 2025 година, ќе ги зајакне постојните врски со Турција и Блискиот Исток, како и со Бугарија, и ќе ги насочи плановите за подобрување на поврзаноста меѓу Грција и Турција.
UGI управува со големопродажната инфраструктура на United Group, вклучувајќи глас, податоци, мобилни услуги и роаминг. Само три години по лансирањето UGI успеа да ги привлече најголемите оператори и даватели на ИТ услуги да ја изберат United Group за да се справи со нивните потреби за инфраструктура и поврзување во регионот. UGI е задолжен и за комерцијализација на линијата Атина – Солун.
(Zimo)
(фото: Good Fon)