Сè, од гастрономската понуда до стапката на криминал може да влијае на квалитетот на животот на жителите на градот, но сосема новиот глобален индекс на Oxford Economics зеде предвид шест важни индикатори: животен век, приход по лице, еднаквост на приходот, рекреација и културна понуда, брзина на интернет и трошоци за сместување.
Гренобл во Франција е избран за град со најдобар квалитет на живот според овие критериуми. „Главниот град на Алпите“ е познат како омилена планинарска дестинација, како и центар за научни истражувања, пишува Time Out.
На второто место на листата е Канбера, главниот град на Австралија, а воедно е и единствениот неевропски град во првите десет.
Дури три града од Швајцарија се најдоа на листата на градови со најдобар квалитет на живот во светот. Берн е третопласиран, Базел петти, а Цирих осми на листата.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Needpix)